Незаборавните детски игри од маалските улици
Игра: Народна
Краток опис: На две сосема спротивни страни застануваат двајца играчи кои со топка ќе треба еден по еден да ги елиминираат оние кои се во средината помеѓу нив.
Правила: Оние кои се во средина мора да ги избегнат топките. Доколку бидат удрени губат еден живот. Секој поседува по 3 животи на почетокот, но со секое фаќање на топката во рака, се освојува дополнителен живот. Играта завршува кога ќе останат само оние двајца кои ја фрлаат топката.
Игра: Слики-апарат
Краток опис: Една личност е завртена со грб, додека дргуите се местат во одредена позиција.
Правила: Една личност ја пее песничката „Слики-апарат, низ целиот град“ со затворени очи и за тоа време останатите играчи мора да се наместат така што ќе изгледа како да прават нешто. На пример, еден играч одбрал да мрда со раката околу неговата коса. Точниот одговор би бил дека тој се чешла и дека е фризер. Целта е да се погоди дејството и плус да се одреди на која професија припаѓа.
Игра: Брканица и Цигари
Краток опис: Во однапред одредена област, една личност треба да ги „замрзне“ сите оние кои бегаат од него.
Правила: Оние кои бегаат не смеат да дозволат да бидат застанати од оној кој брка. Доколку ги застане, тие „замрзнуваат“ и стојат со раката поткрената под 90 степени. Доколку некој од другите што бегаат им помине под нивната рака, тие се слободни. Исто така, тие што бегаат доколку се во тесно, имаат можност да седнат на земја велејќи „куќа“ – во тој случај се безбедни. За да продолжат со играта мора да бидат допрени од некој што сè уште бега. Играчот кој брка победува само кога никој веќе нема да може да бега од него (без разлика дали е замрзнат или во куќа).
Доколку ја играте верзијата Цигари, секој мора да си одбере по еден бренд кој ќе го претставува. Правила се исти, но овој пат наместо да кажете „куќа“ го кажувате својот бренд на цигари.
Игра: Ластик и Олимпијада
Краток опис: Постојат повеќе видови игри со ластик, но секогаш се потребни минимум тројца играчи.
Правила: Двајца играчи застануваат на спротивни краеви и со нивните нозе го држат ластикот. Има одредени „кореографии“ и песни кои мора да се знаат за да може да се учествува. При секоја успешно изиграна кореографија, се покачува висината на ластикот.
Што се однесува до олимпијадата, исто така двајца го држат ластикот, но овој пат додека се пее песничката „Олимпијада“, тие мора да направат некоја заплеткана ситуација. Потоа нивните соиграчи мора да поминат на другата страна од ластикот, без да го допрат (нешто слично како кога на акционите филмови, крадците во музеј поминуваат низ ласери…).
ubaviniiiiiiiii
ејј со ластик најинтересно ми беше.. кој јаде кој јаде 😀
иначе игравме и Жив.. слично на криенка само кога ќе најдеш некој го плукаш на рака, а ако некој те види од тие што се кријат, треба да те фати и да каже жив пред да го плукнеш и пак си ти на ред 😀
ahhhh da, da detstvo bas kako sto treba da izgleda, polno so igri, druzenje i smea :))))))))
Лист, камен, ножички 😀
koga eden zapochnuva rechenica ii drugite treba da ja prodolzhat povtoruvajkji gi predhodnite zborovi, ne mi teknuva kako se vikashe igrata 😀