Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

10 години бевме целосно посветени на безвременската ТВ серија „Пријатели“ (Friends). Иако нашите омилени ликови се разделија пред повеќе од 13 години, нивните љубовни триаголници, урнебесни разговори во кафулето „Централ Перк“ и модните комбинации во стилот на 90-тите засекогаш ќе останат во нашите срца. Доколку сакате да се потсетите на старите добри времиња, прочитајте ги овие незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“…

Беспрекорните совети на Чендлер

Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

„Не знам да давам совети. Може да ти понудам саркастичен коментар?“

Ако некогаш побарате совет од некој љубител на серијата „Пријатели“, очекувајте безначаен, но забавен и саркастичен коментар како одговор.

Логиката на Рејчел

Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

„Немаш матка, немаш мислење.“

Дали можете да истиснете мал човек од вашето тело? Не? Тогаш немате право ни на свое мислење!

Искреноста на Моника кон Рејчел

Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

„Добредојде во вистинскиот свет! За никаде е. Ќе го обожаваш!“

На Моника ѝ е многу добро познато колку е тешко да си невработен во реалниот свет.

Добропознатата реплика на Џои со која освои многу срца

Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

„Како си ми?“

Ако сакате да ја испробате оваа реченица за да им се „пуштате“ на девојките, ние ви советуваме да ја употребите оригиналната „How you doin“ верзија, бидејќи не постои човек кој нема да ве разбере!

Мотивациската стратегија на Чендлер

Незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“ кои ќе ве потсетат на старите добри времиња

„Сакам да почнам со пиење наутро. Немој да ми велиш дека немам цели!“

Воопшто не е за потценување оваа амбиција!

Продолжете на следната страница за да се потсетите и на останатите урнебесни реплики…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар