Неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите

Неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите

Едит Пјаф е родена на 19 декември 1915 година во Париз. На 104-годишнината од раѓањето на оваа прославена шансониерка, се потсетуваме на нејзиниот голем талент и животниот пат кој бил исполнет со големи лични трагедии.

Неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите

Иако се напишани бројни биографии за животот на славната француска пејачка Едит Пјаф, малку се знае за нејзиниот живот. Целото име на оваа Французинка која имала тежок живот од самото раѓање, е Едит Џована Гасион.

Нејзината мајка ја напуштила откако таа се родила, а нејзиниот татко отишол во војна, препуштајќи го воспитувањето на девојчето на нејзината баба, инаку позната „мадам“ во Нормандија. Едит своето детство го поминала во бордел и ја одгледале куртизани. Згора на тоа, таа била слепа од три до седумгодишна возраст, што наводно било предизвикано од воспаление на рожницата на окото.

Биографите на Едит Пјаф сметаат дека растењето на такво несоодветно место влијаело врз нејзиниот поглед на животот, како и на нејзиниот однос кон мажите.

Таа сметала дека кога маж ќе покани жена на состанок, таа не треба да го одбие.

На четиринаесетгодишна возраст, Едит му се придружила на нејзиниот татко, инаку патувачки акробат и почнала да се занимава со улични пејачки перформанси за ситни пари. Две години подоцна, таа се запознала со Луи Дупон, во кого страсно се вљубила, а врската резултирала со бебе, поточно со ќерката Марсел, која починала на само двегодишна возраст од менингитис.

Од улица до дискографски успех

Едит се здобила со поголема популарност во 1935 година кога била откриена на улиците во Париз од сопственикот на ноќниот клуб „Le Gerny’s“. Иако имала трема на сцената, Луи Лепли ја охрабрил да пее, а заради нејзината висина од само 142 сантиметри ја нарекле La Mome Piaf“ (врапче) и прекарот ѝ останал до нејзината смрт.

Тој ја научил на основите на сценското движење и инсистирал таа да носи црн фустан додека настапува што потоа станал нејзин заштитен знак.

Претставите во „Le Gerny’s“ ѝ донеселе договор за снимање на албумот и се чинело дека таа е на добар пат да постигне слава. Но, на 6 април 1936 година, Лепли бил пронајден мртов, а Едит Пјаф била една од осомничените.

Иако била ослободена, ѝ требало многу време за да го врати својот имиџ.

Едит започнала деловно-романтична врска со писателот Рејмонд Ас и заедно почнале да создаваат песни што биле обоени со нејзините животни искуства. Во повоена Франција, таа станала една од најбараните забавувачи, а најпознати се нејзините песни „La Vie en rose“, „Milord“, „Non je ne regrette rien“ и „Hymne a l’amour“.

Несреќна во љубовта

Во нејзиниот краток живот, Едит сакала неколку познати мажи. Таа имала врска со францускиот композитор и шансониер Чарлс Азнавур, а се омажила двапати. Судбоносното „да“ таа првпат го изговорила со Жак Пилс во 1952 година, а од него побарала развод пет години подоцна.

Брачната среќа ја побарала и со дваесет години помладиот грчки фризер и забавувач, Тео Сарап, со кој се омажила во 1962 година и со него настапувала сè до нејзината прерана смрт во 1963 година. Таа починала поради неухранетост и проблеми со црниот дроб.

Сепак, Пјаф го сметала за „љубовта на нејзиниот живот“ боксерскиот шампион, Марсел Чердан. Таа се вљубила во него летото 1948 година и покрај фактот што тој бил оженет и имал три деца. Врската завршила со неговата трагична авионска несреќа една година подоцна.

Според мотиви од нејзиниот бурен живот, бил снимен и признатиот филм „La vie en Rose“ во 2007 година. Во него глуми француската актерка Марион Котилар, која за главната улога добила и Оскар.

Можеби сакате да ја прочитате и приказната за бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар