Неверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењето
Анџелина Џоли е една од најпознатите личности во светот. Многу луѓе дури сметаат дека таа е можеби најубавата жена на Земјата. Сигурно многумина би дале неколку години од својот живот за да изгледаат како 42-годишната актерка и активистка кога ќе бидат колку неа.
Но, според Анџелина, стареењето не е нешто за коешто треба да бидеме загрижени. Во едно интервју ја прашале што мисли за стареењето и таа понудила навистина инспиративен одговор.
„Гледам во огледалото и забележувам дека изгледам како мојата мајка, а тоа ме топли. Исто така забележувам дека стареам и го сакам тоа, бидејќи тоа значи дека сум жива – живеам и стареам.“
Сигурно ќе си помислите дека го вели тоа бидејќи изгледа како… па, Анџелина Џоли. Но, таа нагласила дека ги забележува нејзините недостатоци и дека физичкиот изглед не ѝ е толку важен.
„Се разбира, не сакам што имам некои темни дамки од бременоста. Ги гледам своите недостатоци. Но она што го гледам и што го сакам нема врска со структура или изглед. Тоа е повеќе што го гледам моето семејство во моето лице. Ја гледам мојата возраст.“
Анџелина ја дефинира убавината според тоа како некој се разликува себеси од другите. Таа додала:
„Луѓето кои се убави според мене не се оние кои се покоруваат на туѓото мислење за тоа што е убаво или правилно. Секогаш сум сакала луѓе кои се уникатни, различни и едноставно свои. Малку ме растажува кога ќе видам дека некој не може да живее во својата кожа и не се чувствува удобно во неа. Постојат многу работи во човештвото кои прават луѓето да се чувствуваат вака.“
Прочитајте ги и овие инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето.