Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ

Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

Сите знаеме дека зеленчукот е добар за нас, но дали знаевте дека јадењето само една порција зеленчуци со зелени лисја дневно може да ве заштити од деменција? Истражувачите од Универзитетот Раш во Чикаго ја испитувале поврзаноста помеѓу диетата и менталната способност на 950 постари луѓе, секои 2 години во период од 10 години. Учесниците, чија просечна возраст била 81 година, поминувале низ 19 теста со цел да се идентификува нивната ментална функција, а потоа одбирале од листа со 144 видови храна и пијалаци од што се состои нивната диета.

Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ

Оние постари возрасни кои јаделе зеленчук со зелени лисја како спанаќ и кељ, еднаш или два пати дневно, покажувале помало намалување на когнитивните способности за разлика од оние кои немале навика да ја јадат оваа храна. Дури и во оние ситуации кога едукацијата, вежбите и историјата во фамилијата за деменција биле вклучени како фактори.

Во просек, учесниците кои јаделе зелени зеленчуци, со нив го одложувале своето когнитивно влошување за околу 11 години. Главниот истражувач Марта Клер Морис вели:

„Губењето на меморијата или намалувањето на когнитивните способности се едни од најголемите стравови на луѓето кои стареат. Бидејќи намалената когнитивна способност е клучна за Алцхајмеровата болест, зголеменото внесување на зеленчук со зелени лисја може да ви понуди едноставна и евтина превентива од оваа застрашувачка состојба.“

Се претпоставува дека овие придобивки настануваат поради високото ниво на витамини и хранливи вредности, како витаминот К, лутеинот и бета каротинот со кои изобилуваат зелените зеленчуци. Друга студија од Шведска покажала и дека спанаќот ја подобрува силата на мускулите. Можеби е време да почнеме да го слушаме Попај за исхраната…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар