Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Билингвизмот има големи и значајни ефекти врз функционирањето на мозокот и развојот на когнитивните вештини. За жал, до скоро се тврдеше дека билингвизмот ги прави децата поглупави, па многу родители кои не делеа исто потекло, се одлучуваа децата да ги воспитуваат учејќи ги само на еден јазик. Подоцна ова гледиште се покажа како многу погрешно.

Билингвизмот, или мултилингвизмот, нуди бројни придобивки, особено кај најмладите. Но придобивките не ги чувствуваат само децата, туку и возрасните. Истражувањата покажале дека билингвистите, за разлика од монолингвистите, во просек се поплатени на кое било работно место.

Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Доколку ви треба мотивација да научите странски јазик, прочитајте ги овие неверојатни придобивки од билингвизмот. Доколку пак веќе зборувате повеќе од еден јазик, слободно уверете се во погодностите кои таа ваша способност ви ги нуди.

Придобивки од билингвизмот кај децата

  • Младите билингвисти уште на возраст од само 7 месеци можат многу полесно да се прилагодат на промените во средината на живеење. Кај децата кои зборуваат два јазици, може да се забележи подобар развој на когнитивните способности.
  • Билингвистите во просек покажуваат подобри резултати на тестовите на училиште и се добри во математичко и логичко размислување, токму поради способноста за брзо размислување и апстрактно класифицирање.
  • Ја зголемува самодовербата и го подобрува чувството на самовреднување и идентитет.
  • Децата билингвисти учат да читаат побрзо од нивните соученици.
  • Уште од млада возраст децата кои зборуваат два јазици се многу посконцентрирани, развиваат можност за аналитичко размислување, како и способност за мултитаскинг.
  • Овие деца имаат поголема веројатност да живеат во странство и да изучуваат повеќе странски јазици подоцна во животот.
  • Билингвистите обично се изложени на повеќе од една култура, што ги прави поотворени за нови познанства и прави да имаат почит и разбирање кон другите култури и националности.

Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Умствени придобивки од билингвизмот

Подобри когнитивни вештини

Луѓето кои зборуваат најмалку два јазици се остроумни, имаат развиени когнитивни способности, способност за поврзување, креативност во перцепцијата на нештата, како и логично размислување и расудување. Способноста да се префрлаат мислите од еден во друг јазик ја подобрува способноста за мултитаскинг и го држи мозокот алармиран дури кога се зборува само едниот јазик.

Билингвистите во просек побрзо решаваат загатки, крстозбори, сложувалки и други игри кои бараат логичко размислување.

Поголема лингвистичка свест

Изучувањето на втор јазик значи фокусирање на граматиката и синтаксата, што ја развива способноста за логично и контрастивно размислување за двата јазици, и ја зголемува лингвистичката свест.

Билингвистите имаат многу добри комуникациски способности, добри се во пишување и уредување.

Спречува оштетувања на мозокот

Алцхајмеровата болест се развива дупло побавно кај билингвистите отколку кај монолингвистите. Исто така, критичната возраст за развој на некој вид деменција кај монолингвистите е 71,4 години, додека кај билингвистите е 75,5.

Неверојатни придобивки од билингвизмот за кои не сте чуле

Мултитаскинг

Билингвистите се истренирани брзо да го сменуваат системот на двата јазици кои ги владеат, нивната граматика, синтакса и морфологија, како и системот на знаци и гласови.

Токму поради брзата промена во јазичните сфери, билингвистите се одлични во мултитаскинг и способноста да бидат сконцентрирани на повеќе од една работа истовремено.

Исто така, билингвистите се многу повешти во одделување на важните од неважните информации. Нивната моќ на фокусирање на дадената задача е во просек повисока отколку кај монолингвистите.

Ја подобрува меморијата

Бидејќи мозокот е истрениран да памети широк обем на вокабулар и граматички правила, билингвистите имаат доста добра меморија.

Умствените вежби за памтење јазични шеми, го зајакнуваат мозокот, ја подобруваат моќта на категоризирање, визуелизација и памтење листи.

Ја згуснува сивата материја

Споредено со монолингвистите, билингвистите имаат повеќе сива материја во мозокот, која е главна компонента на централниот нервен систем и е задолжена за процесирање на јазикот.

Билингвистите, исто така, се многу посигурни во своите одлуки, можности и способности. Докажано е дека билингвистите многу порационално се справуваат со проблемите бидејќи неретко го преиспитуваат секое можно решение и на двата јазици кои ги владеат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар