Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Мајката природа е најдобриот креатор што може да постои. Нејзините ремек-дела се толку неверојатни и импресивни што изгледаат како да се дел од некој фантастичен свет надвор од нашата реалност. Во продолжение погледнете ги овие магични креации на природата кои ќе ве остават без зборови…

Подводен водопад

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Оваа илузија е создадена од куповите песок што се наоѓаат покрај брегот на Маврициус. Тие личат на огромен подводен водопад.

Слика

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Не, ова не е уметничко дело насликано од експресионистички уметник. Во предниот дел има дрвја за време на зајдисонце, а во позадината се црвените дини на Намбија. Како што можете да забележите, играта на светлината и сенките создава неверојатна слика.

Бурно море

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Кога гледате облаци како овие, слободно може да си замислите бурно море над вашите глави наместо небо. „Undulatus asperatus“ се редок вид облаци кои обично изгледаат вака застрашувачки. Но, немојте да бидете измамени од нивниот изглед затоа што овие облаци никогаш не се придружени од ураган или бура.

Волшебно езеро

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Езерото Ујуни е познато по изместената перцепција на просторот што ја создава поради отсуството од какви било предмети на неговата површина. За време на врнежливите периоди алкалната земја на езерото се трансформира во огледало. Честичките сол се прекриени од многу тенок слој бистра вода која го рефлектира небото и комплетно ја брише небесната линија.

На работ од гребенот

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Изгледа како човекот на сликата да оди по работ на гребенот, но всушност се работи за речното корито во внатрешноста на Глен кањонот.

Бездна

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Дали ги гледате двете момчиња кои скокаат во бездната? Тоа е всушност слика од бунарот на Јаков кој се наоѓа во Тексас. Бунарот на Јаков е огромна артеска пружина со дијаметар од 3 метра и 9 метра длабочина. Водата е толку бистра што се чини како момчињата на сликата да скокаат во празен простор.

Форма на дрво

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Дали ова е коритото на некој поток или дрво? Не е ниту поток, ниту дрво. Овие форми на дрво во Баџа Калифорнија (Мексико) се формираат во песокот поради високата амплитуда на плимите во плитките води кои се појавуваат од силните струи.

Камени бранови

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

На границата помеѓу Аризона и Јута може да се забележат необични камени формации. Тие се формирале милиони години од песочните дини, постепено претворајќи се во цврсти камења. Постојаното влијание на ветровите и дождовите низ подолг временски период, играло голема улога во создавањето на оваа бизарна формација.

Планински пат

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Кога ќе ја погледнете оваа слика за прв пат, ќе си помислите дека гледате пат кој поминува преку врвот на планински венец. Но, ова е всушност слика од реката Колорадо која се перципира погрешно поради боите и нијансите на реката.

Торнадо што гори

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Ова што го гледате не е слика од торнадо што гори (што не ни постои), туку е слика од реката Рио Тинто во Шпанија, полна со отпад од рударски активности. Како резултат на рударската работа, реката станала кисела. Светло црвената боја на водата е последица од процентот на тешки метали во неа.

Фантомски сонца

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Овој феномен е познат како пархелион, и е предизвикан од одбивањето на сончевата светлина од ледените кристали кои се присутни во атмосферата.

Пајакова мрежа

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Оваа слика изгледа како совршена слика на дожд. Но, ако погледнете повнимателно ќе забележите дека секоја од овие капки всушност виси на пајакова мрежа.

Двоглава зебра

Неверојатни оптички илузии создадени од природата

Алтернацијата на црната и белата боја ја попречува нашата способност да ги најдеме рабовите на објектите, па затоа ги гледаме овие двоглави зебри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар