Неверојатни факти за близнаците кои сигурно не сте ги знаеле досега

Неверојатни факти за близнаците кои сигурно не сте ги знаеле досега

Две личности, родени во исто време. Понекогаш идентични, а понекогаш целосно различни, но секогаш мистериозни. И покрај тоа што ретки се оние кои имаат брат/сестра близнак, сепак секој од нас во одреден момент од својот живот посакал да има близнак кој ќе му помогне во одредена цел. Но, колку навистина знаете за близнаците? Погледнете ги овие неверојатни факти кои без сомнение ќе ве остават без зборови…

Неверојатни факти за близнаците кои сигурно не сте ги знаеле досега

1. Близнаците можат да имаат различни биолошки татковци

И покрај тоа што секоја жена најчесто испушта по една јајце клетка месечно, понекогаш може да се случи да испушти две. Овие две јајце клетки можат да бидат оплодени од двајца различни машки донатори. Еден сет близнаци, но двајца татковци.

2. Близнаците можат да бидат од различна раса

Доколку родителите на близнаците се од различна раса, нивните јајце клетки и сперматозоиди ќе содржат генетски материјали кои можат да создадат различни бои на кожа. Бидејќи постојат милиони исходи, близнаците можат да се родат со целосно различна боја на кожа.

3. Одвоените близнаци најчесто водат многу слични животи

Постојат различни истражувања кои ни потврдуваат дека оние близнаци кои биле разделени на раѓање, живееле морничаво слични животи. Се случувало тие да се оженат или омажат со личност со истото име, да ги крстат своите деца со истите имиња или пак, да започнат со истата кариера.

4. Доколку идентични машки близнаци имаат деца со идентични женски близнаци, нивните деца ќе бидат братучеди, иако всушност се браќа/сестри

Бидејќи генетскиот код на идентичните близнаци е идентичен, доколку тие имаат деца, тогаш тие ќе имаат ист генетски код како нивните братучеди.

5. Близнаците се знак дека мајката ќе има подолг живот

Се верува дека потребно е навистина здрава жена за да се родат близнаци, делумно поради еволуциската адаптација, со цел да се пренесат нејзините гени два пати во една бременост.

6. Повисоките жени имаат поголема шанса да родат близнаци

Нациите со жени кои се повисоки од просекот, имаат и повисок број родени близнаци. Високите личности имаат подобри хормони за растење, кои ја зголемуваат шансата за зачнување близнаци.

7. Жените кои многу консумираат млечни производи имаат поголеми шанси да родат близнаци

Сите тие одлични витамини и минерали кои се наоѓаат во млечните производи ја зголемуваат и до 5 пати шансата за зачнување близнаци.

8. Близнаците покажуваат јасни знаци на поврзаност уште во матката

Според една италијанска студија, близнаците посегнуваат едни по други дури и кога се само 14 недели стари. До крајот на 18-тата недела, тие повеќе го допираат близнакот отколку што се допираат самите себеси.

9. Близнаците можат да бидат идентичен одраз едни на други

Околу четвртина од сите близнаци се насочени едни кон други во матката, па токму затоа и ќе станат одраз. Еден од нив ќе биде левак (токму затоа и најчесто близнаците се леваци), а другиот деснак. Доколку имаат вродени белези, тие ќе им се појават на спротивни страни од телото…

10. Сијамските близнаци можат да гледаат низ очите на другиот, како и да си ги слушаат мислите

Ова е можеби еден од најневеројатните факти на оваа листа. Некои од сијамските близнаци делат таламус, дел од мозокот кој ги контролира физичките и моторните функции. Како резултат, тие понекогаш можат да гледаат со очите на другиот, па дури и да си ги слушаат мислите.

11. Телото на жената може природно да се адаптира за близнаци

По раѓањето близнаци, телото на жената автоматски ја прилагодува својата температура со цел да може истовремено да ги дои и двете бебиња.

12. Папокот е наједноставниот начин да се разликуваат близнаците

Папоците не се генетски, тие се лузни од отстранување на папочната врвка па токму затоа и секој од нив е уникатен.

13. Доколку жената е двојајчен близнак, има големи шанси и таа самата да роди близнаци

Исто така таа има поголеми шанси за близнаци, доколку веќе родила еден сет, или пак доколку има сестри/браќа кои се близнаци.

14. Дури и идентичните близнаци немаат идентични отпечатоци на прстите

Отпечатоците од прстите се формираат додека бебињата ја допираат амнионската кеса, каде што нејзините рабови им оставаат уникатни отпечатоци.

15. Близнаците можат да бидат родени и со неколкумесечна разлика

Поради непредвидливи компликации, близнаците понекогаш можат да бидат родени со разлика од неколку недели, па дури и месеци. Досегашниот рекорд е 87 денови, што е скоро 3 месеци.

16. Идентичните близнаци можат да станат големи криминалци

Бидејќи тие делат 99,9% од својата ДНК, изгледа дека се изградени да бидат големи криминални умови. Форензичките научници имаат големи потешкотии при одредувањето на виновникот кога станува збор за близнаци. Токму тоа може да значи и дека тие никогаш не би биле осудени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар