Неверојатна куќа во Малибу: Домот од соништа за девојчиња што сакале барбики

Неверојатна куќа во Малибу: Домот од соништа за девојчиња што сакале барбики

По повод 60-годишнината од изработката на првата барбика, Airbnb за прв пат ја издаваат репликата на нејзината совршена куќа во Малибу.

Вие таму можете да го истражувате импресивниот гардеробер на барбиките во неодоливи розови нијанси, да гледате филмови во нивната приватна кино сала, да се бањате во бесконечниот базен и да се дружите во незаборавната тераса под ѕвездите.

Куќата на барбиките исто така е опремена и со спортски терени, со соба за медитација, како и со целосно опремена кујна за гастрономско уживање.

На гостите во куќата ќе им се придружат и пријателите на барбиките, како учителката по мечување – Ибтихај Мухамед по која е направена првата барбика со хиџаб, фризерката за славните Џен Аткин, како и готвачката Џина Кларк-Хем која ќе одржува наптревар во готвење.

Би го посетиле ова место? Во меѓувреме, прочитајте и за првата барбиката со неутрален пол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар