Нешто што ќе ве замисли: 5 мајмуни во кафез

Нешто што ќе ве замисли: 5 мајмуни во кафез

Група научници ставиле 5 мајмуни во кафез. Во средината на кафезот поставиле скала, а на врвот на скалата банани. Секој пат кога еден мајмун ќе се качел на скалата посегнувајќи по бананите, на останатите мајмуни им пуштале ладен туш. По некое време, секогаш кога некој мајмун ќе се качел на скалата, другите почнувале да го тепаат. По уште повеќе време, веќе ниеден мајмун не се осмелувал да се качи на скалата.

Потоа научниците замениле еден мајмун со нов. Новиот мајмун веднаш паднал на искушението и почнал да се качува по скалата. Другите мајмуни почнале да го тепаат. По неколку обиди за качување и неколку тепања, новиот мајмун сфатил дека веќе не треба да се качува на скалата, иако не знаел зошто.

Потоа научниците замениле уште еден мајмун и истото се случило. Првиот мајмун исто така учествувал во тепањето на вториот нов мајмун. Истото се случило и кога го замениле третиот мајмун, а потоа и четвртиот и петтиот.

Така останала група од 5 мајмуни кои иако никогаш не биле изложени на ладен туш, продолжувале да го тепаат мајмунот кој ќе се обидел да се качува на скалата.

Ако би можеле да ви кажат мајмуните зошто секогаш го тепале оној мајмун кој се качувал на скалата, веројатно нивниот одговор би бил:

Не знам. Така си функционираат овде работите.

Ви звучи ова познато?

Не пропуштајте ја приликата да го споделите ова со другите. Бидејќи и тие можеби се прашуваат како многумина:

Зошто продолжуваме да го правиме она што го правиме како да не постои поинаков начин?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Боби Reply

    Затоа што сме поголеми мајмуни од самите мајмуни 🙂

Остави коментар