Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!

Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!

Таа е дел од толпата, но секогаш живее и експериментира на работ. Таа ги следи другите, но ако погледнете повнимателно, таа тивко го гради својот пат. Се движи многу бавно и трпеливо. Но, не треба да ја потценувате! Иако е скромна, таа жестоко ќе ги брани своите најблиски!

(1) Непредвидлива и посебна: Дознајте каква е омега жената!

Сега засега, таа се прилагодува на околината, но полека се приближува времето кога ќе заблеска и ќе се издвои од толпата. Некои погрешно ќе ја разберат. Ќе мислат дека е комплицирана, чудна и незгодна. Но, ќе изгубат многу време ако мислат дека ќе ја измамат со нивните егоистични игри. Таа ќе се бори и ќе ги остави да мислат дека се супериорни за да ја добијат битката. Но, таа знае дека тие нема да победат во психолошката војна.

Таа е како бунтовничка сила со шепот посилен од ураган. Таа формира мислење за секој човек кој ќе го пресретне на патот и кој ќе се соочи со нејзиниот треперлив поглед. Нејзината убавина е неверојатна, како древна ѕвездена светлина која ја милува планината и ѝ ги пренесува своите длабоки емоции на полноќната месечина.

Таа била повредена и злобно нападната и затоа е многу внимателна. Таа се обидува да ја одбегне опасноста од започнувањето војна со оние кои сакаат да ја измачуваат и исмејуваат. Но, немојте да се излажете и да помислите дека нејзиниот повреден став е знак на слабост или страв. Таа има силен карактер кој пулсира во нејзините вени и застрашувачки оган кој може да предизвика ненадеен пожар во секој момент.

Таа делува воздржано, но многу е силна и мудра. Секогаш внимателно набљудува и собира различни вештини и знаење, за да може да се ослободи кога ќе почувствува дека пристигнал нејзиниот судбоносен момент.

И покрај болката што ѝ била нанесена, таа ги прифатила сите туѓи фрустрации и нервози и нежно ја ублажила нивната напнатост. Луѓето погрешно го разбираат нејзиниот ранлив надворешен изглед. Токму затоа, кога ќе ја изгубат од нивниот живот, долго време жалат и копнеат по неа. Тие ќе тагуваат гласно со надеж дека нивните крикови ќе стигнат до неа, а таа ќе ги чуе нивните одекнувања, но никогаш нема да се врати назад.

Наскоро ќе се преобрази во осамен воен волк, со силен сјај во очите. Таа знае дека била сакана и таа ги сакала другите, но исто така знае дека мора да се стави себеси на прво место, да се ослободи од оковите и да отиде на непознато место со сета нејзина храброст и гордост.

Таа копнее по нежна, слободна и волшебна љубов, па затоа ќе талка во близина на осветлениот океан каде што ќе може расплетка јазлите и да ги излекува раните. Еден ден, универзумот со сигурност ќе ја заштити, а таа ќе се пронајде себеси во неговата закрила.

Доколку не се сметате себеси за омега жена, дознајте дали сте алфа жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар