Неодоливи новогодишни декорации со шишарки

Неодоливи новогодишни декорации со шишарки

Шишарките може да се најдат во различни облици и големини, а се одлични како предмети за декорација. Тие се интересни и изгледаат прекрасно доколку ги изложите на некоја полица или пак ако се дел од некој занимлив аранжман. Одговараат за обликување, па од нив може да се направат различни украси.

Соберете шишарки и инспирирајте се преку овие неодоливи новогодишни украси. Лесно можете да ги избоите и украсите, само погледнете ги идеите коишто ги нудиме во продолжение.

1. Бели шишарки

Белите шишарки изгледаат прекрасно, дури и ако се само изложени во кошница или во некој стаклен сад. Бидејќи тие се дрвени плодови, може да ги побелите во неколку чекори. Белите шишарки лесно ќе ги вклопите во вашиот дом, каков и да е вашиот амбиент.

2. Шишарки обоени со спреј

Спрејот во боја е идеален за фарбање на нерамни површини, меѓу кои спаѓаат и шишарките. Изберете јаки бои и испрскајте ги. Кога ќе се исушат изложете ги во омилените садови и украсете го вашиот дом.

3. Шишарки во вид на мини елка

Бидејќи премногу наликуваат на елки, шишарките се идеални за аранжман. Избојте ги во зелена боја, поставете ги во саксија и украсете го врвот со ѕвезда или со друга форма по ваш избор.

4. Шишарки обоени со восок

Восокот во боја е уште еден начин да ги обоите шишарките. Изберете интересни бои и поиграјте си со комбинациите.

5. Свеќници од тегли украсени со шишарки

Ако сте сочувале некои поголеми тегли, еве еден прекрасен начин да ги употребите. Свеќниците украсени со малку вештачки снег и пар шишарки врзани со конец, делуваат неодоливо и празнично.

6. Ѕвезди од шишарки

Ако сте љубители на природните материјали за новогодишни украсувања, оваа ѕвезда од шишарки е идеален проект за вас. Дополнително, за да изгледаат свечено, можете да ги обоите во сребрена или златна боја.

7-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

7. Омбре шишарки

Омбре начинот на боење е популарен веќе подолго време. Па, искористете го овој тренд и обојте и украсете ги шишарките на овој начин, како дел од новогодишниот аранжман.

8. Шишарки на прозорецот

Украсете ги вашите прозорци или врати така што ќе ги закачите декорираните шишарки на нив. Изберете во што повеќе уживате – дали природни или обоени, но како и да е, нема да погрешите.

9-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

9. Аранжмани со шишарки на вашиот влез

Не заборавајте да го украсите и влезот од вашата куќа или зграда. Одберете големи шишарки и аранжирајте со некои слични предмети за празнично добредојде.

10. Мини елка од шишарки

Уште една мини елка којашто е прво обоена, а потоа е украсена со машнички, ленти, цветчиња и бисерчиња. Неодолива е било да е сама или како детаљ со други празнични декорации.

11. Венец од шишарки

Ако имате доволно шишарки, од нив можете да направите венец и да го поставите на средината на масата или да го закачите на ѕид. Малку декорирајте го и тоа ќе биде одличен детаљ во вашиот дом.

12. Шарени шишарки

Ако сте вешти во шиењето и имате парчиња шарени материјали, направете ги овие занимливи мини елки од шишарки. Овие шарени шишарки се прават на тој начин што малите топчиња од материјал се ставаат во празниот простор и се залепуваат со малку лепак.

13. Елка направена од деловите на шишарките

Оваа занимлива елка можете да ја направите на тој начин што ќе ги залепете поединечните делови коишто претходно ќе ги исечете од шишарките. На конусна основа залепете ги овие делови и дополнително украсете ги со малку светкави бои, а на крај на долниот дел ставете и машна во боја по ваш избор. Ова е прекрасен детаљ за декорирање на вашиот дом во претстојните денови.

13-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

14. Шишарки кои ги красат свеќите

Класичните дебели свеќи украсете ги со ребраст картон и шишарки, па ќе добиете одличен украс за вашата полица.

Па, време е да ја разбудите креативноста во вас и да го декорирате вашиот дом за новогодишните празници!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Е. Reply

    Lovely *.*

Остави коментар