Необично 7-годишно пријателство: Ајкула доаѓа да си игра со овој нуркач секогаш кога ќе го види
Рик Андерсон живее во Австралија и има навистина необична пријателка. Неверојатно, но тој си игра со едната иста ајкула секогаш кога нурка!
„Почнав да си играм со неа пред околу 7 години кога таа беше бебе и беше долга само 15 центиметри. Внимателно ѝ се доближив за да не ја исплашам и почнав нежно да ја галам. Кога се навикна на мене, ја држев во рака и милно ѝ зборував“, открива нуркачот.
Андерсон нурка веќе 27 години и има свое училиште за нуркање.
„Како што изминуваа годините, таа ме препознаваше и доаѓаше да си игра секогаш кога ќе ме видеше. Толку се навикна на мене, што ќе ми се доближеше и ќе ми ги потчукнеше нозете за да ја погалам. Кога други нуркачи ќе го видат нашето пријателство, не можат да им поверуваат на очите.“
„Не ја хранам ниту неа ниту другите ајкули со кои си играм. Едноставно се однесувам со нив како да се кучиња“, објаснува Андерсон.
Ова пријателство дефинитивно ќе ви го смени мислењето за навидум крвожедните ајкули!
Би сакале ли и вие да имате ваков необичен пријател?