Необични формации на облаци

Необични формации на облаци

Небото отсекогаш било константен извор на фасцинација за луѓето. Облаците се само еден дел од зачудувачките случувања кои можат да бидат забележани во текот на денот. Тие се појавуваат во различни големини, облици и бои и нивното создавање било проучувано од страна на метеоролозите со векови.

Лентикуларните облаци се едни од овие необични формации. Тие настануваат на многу големи височини најчесто околу планини, во области каде што има стабилна влажност на воздухот.

Необични формации на облациНеобични формации на облаци

Облаците „undulatus asperatus“ или накратко, асператус се формации кои биле предложени како посебна категорија во 2009 година. Во буквален превод името на овие облаци значи вознемирени или нервозни. И покрај тоа што на прв поглед изгледаат темно и како да се дел од бура во формирање, всушност тие многу брзо исчезнуваат.

Необични формации на облациНеобични формации на облаци

Многу интересен феномен на вечерното небо се и ноктилусентните (ноќни) облаци. Тие се одликуваат со многу светли и силни поларни слоеви наречени мезосферични облаци во горната атмосфера, кои се видливи само за време на најтемните летни ноќи. Тие се издвојуваат од останатите бидејќи се составени од кристали од воден лед. Името на овие облаци во буквален превод значи вечерно сјаење на латински.

Необични формации на облаци

Облаците со голема дупка во средината, исто така познати и како облаци со дупка од удар или облаци со канали се формираат во ситуации кога температурата на водата е под степенот на мрзнење, но таа сè уште не замрзнала затоа што има недостаток од ледени нуклеациски честички. Кога еден дел од водата ќе почне да замрзнува, започнува еден вид домино ефект предизвикувајќи испарување на водата во одредени делови и оставајќи дупка позади себе во облаците.

Необични формации на облаци

Облаците Маматус се уникатна формација, при што се појавуваат мали облачиња под големиот облак. Во превод „mammatus“ на латински значи „града“ и тие го добиле своето име по несекојдневната сличност со женските гради.

Необични формации на облациНеобични формации на облаци

Брановидните облаци се создаваат од внатрешните бранови на атмосферата. Овие формации на облаци можат да настанат во области каде што има стабилен проток на воздухот околу повисоки површини како планинските предели.

Необични формации на облациНеобични формации на облаци

Едни од најинтересните формации на облаци, воедно и најуникатните се иридисцентните облаци. Станува збор за многу редок феномен, кој на некој начин наликува на виножито каде што се забележуваат силни пастелни бои околу облаците. Тие настануваат со дифракција на мали водени капки ледени кристали кои индивидуално ја распрскуваат светлината. Иридисцентноста најчесто се појавува во близина на сонцето, но најдобро се забележуваат само доколку сонцето е скриено позади дрвја или згради.

Необични формации на облаци

Кружните облаци се ниски, хоризонтални и цилиндрични формации. Дури и кога има други „обични“ облаци на небото, тие се целосно одделени од нив. Интересно е што кружните облаци изгледаат како да се тркалаат по небото додека се движат.

Необични формации на облациНеобични формации на облаци

Облаците во форма на полици се ниски хоризонтални облаци кои малку наликуваат на кружните, но за разлика од нив тие се споени до базичниот облак, кој најчесто е бура со грмотевици. Оние кои ги забележале овие облаци велат дека многу им наликувале на огромен ѕид на небото.

Необични формации на облациНеобични формации на облаци

Огнените облаци се густи формации кои се поврзуваат со оган или вулканска активност. Тие по состав се многу слични на облаците од бурите со грмотевици, а настануваат со интензивно загревање на воздухот од површината.

Необични формации на облаци

Одредена група облаци наречени актиноформ можат да заземат многу исклучителна форма. Тие се простираат и до 300 километри на небото, а од вселената наликуваат на лист од дрво. Понекогаш формираат и „возови“ кои се и до 6 пати поголеми од „обичен“ облак, но сепак успеваат да го задржат својот карактеристичен идентитет.

Необични формации на облаци

Поларните стратосферични облаци се наоѓаат во зимската поларна стратосфера на височини помеѓу 15.000 и 20.000 метри. Тие обично се формираат во озонските дупки, и со помош на хемиските реакции при кои се продуцира активен хлор го намалуваат озонското уништување.

Необични формации на облаци

Облаците во форма на капа/шал се мали и хоризонтални и се наоѓаат над одредени облаци така што изгледаат како нивна обвивка. Тие најчесто се и индикатори на невреме и можат да бидат забележани само од високите слоеви на атмосферата.

Необични формации на облаци

Облаците наречени утринска гордост се редок метеоролошки феномен кој може да биде забележан на различни локации околу светот. Овие формации на облаците можат да бидат и до 1.000 километри долги, со висини до 2 километри и најчесто се наоѓаат на околу 100-200 метри над земјата. Обично се формира само еден ваков облак, но понекогаш може да се забележат и до 8 паралелни формации.

Необични формации на облаци

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар