Неколку занимливости за плацебо ефектот

Неколку занимливости за плацебо ефектот

Плацебо ефектот е психолошки феномен којшто се случува кога веруваме во корисните ефекти од некои супстанции или предмети, коишто тие реално ги немаат. Најчесто овој ефект се применува во медицината, но е присутен насекаде – кога би немало плацебо би немало ни маркетинг.

Овие неколку занимливости ќе ви ја откријат сеприсутноста на овој интересен феномен.

1. Плацебо ефектот делува кога знаете дека земате одредени таблети

Едно истражување се занимавало со пациенти коишто патат од синдром на т.н. „нервозно дебело црево“. Научниците им рекле дека ќе им дадат таблети коишто во клиничките испитувања покажале значително подобрување при оваа болест. Резултатот од ваквиот експеримент бил очекуван: пациентите веднаш се почувствувале подобро.

2. Плацебо ефектот има „злобен брат близнак“

Песимистичните пациенти може да реагираат многу лошо на лекови, без оглед на тоа за какви корисни супстанции станува збор. Во случај кога супстанцата која нема медицинско влијание ја влошува состојбата, тогаш зборуваме за ноцебо ефект. За да бидат работите уште полоши, негативните очекувања се толку силни што може да доведат до неутрализирање на ефектот на ефикасната терапија. Така, на пациентот може да му се даваат проверени лекови против болка, а тие кај него да не делуваат.

3. Вежбањето е прашање на перцепцијата

Дали сте љубители на вежбањето? Дали мислите дека тоа помага за вашето здравје? Иако вежбањето секако не е лошо, многу е важно и што вие мислите за тоа. Со спроведувањето на едно истражување во коешто учествувале 84 собарки од седум хотели, истражувачите сакале да откријат дали плацебо ефектот може да влијае на корисноста којашто се здобива од телесната активност.

Во четири хотели на собарките им рекле дека нивната секојдневна работа е самата по себе доволна за здрав и активен живот. Во преостанатите три хотели тие не им рекле ништо. Откако поминал еден месец, истражувачите откриле дека жените во информираната група во просек изгубиле по еден килограм од својата тежина, го намалиле крвниот притисок за околу 10% и биле значајно поздрави во смисла на присуството на масти во телото, индексот на телесната маса и сл. Овие промени биле значително поизразени во однос на собарките од другата група, што било јасно видливо со оглед на тоа дека тие се забележани за многу краток временски период.

4. Плацебо ефектот го „подобрува видот“

Ако сакате подобар телевизор можете да си набавите супер HD плазма… или едноставно да инвестирате во плацебо ефект. Новиот телевизор е скап, а самозалажувањето е бесплатно! За што се работи?

Холандските истражувачи спровеле едно занимливо истражување. На испитаниците им била покажана иста снимка на ист телевизор, со таа разлика што на половина од нив им било кажано да очекуваат слика со висока резолуција. На другата група пак им рекле дека ќе гледаат обична DVD снимка. Како и што се очекувало, испитаниците „паднале на трикот“ и заклучиле дека сликата на „HD“ телевизорот била подобра.

5. Плацебо ефектот е насекаде околу нас

Иако плацебо ефектот се поврзува со медицината, можеме да го сретнеме насекаде. Всушност, перцепцијата е клучот на сè. Психолозите го знаат ова и затоа не ретко се користат со тоа, што понекогаш е во наша полза. Доколку и самите сакате да ја искористите моќта на плацебо ефектот за да си го подобрите животот, време е да научите како да го измамите вашиот ум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар