Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Салцбург е четврти град по големина во Австрија, а целосно ќе ве освои со својата барокна архитектура, прекрасните градини и гастрономската понуда. Сместен е во котлината на реката Залцах, а е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат „Врата на Алпите“.

Салцбург е познат по прекрасната барокна архитектура, која е една од најзачуваните во Средна Европа. Токму затоа градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Најпознатиот жител на овој шармантен австриски град бил композиторот Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде во 1756 година. Неговата куќа е претворена во музеј кој се наоѓа на главната шетачка улица Getreidegasse 9, а денес е една од најпосетените атракции во градот. Во центарот на градот има и плоштад кој е посветен на Моцарт каде што се наоѓа неговиот голем споменик.

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Салцбург е единствениот град каде што можете да пробате вистински „Моцарт“ бомбици, по оригиналниот рецепт на слаткарот Паул Фурст. Иако се значително поскапи од оние кои можете да ги купите во продавница, немојте да се изненадите од долгата редица пред слаткарницата која ги продава овие слатки топчиња.

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Доколку возите велосипед, ова е најдобриот начин за да го прошетате градот. Исто така, романтичното возење со пајтон е посебно доживување кое засекогаш ќе ви остане во сеќавање.

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Уште една задолжителна „станица“ за време на шетањето е тврдината Хоенсалцбург, која датира од 11. век и на туристите им нуди поглед кон целиот град. Наполеон бил единствениот кој успеал да ја освои, благодарение на архиепископите кои му ги дале клучевите од тврдината и на тој начин ги спасиле своите животи.

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Градината Мирабел е една од најубавите и најпознатите градини во светот. Нејзината убавина ги привлекла и сценографите на филмот „Звукот на музиката“ (The Sound of Music), па некои од сцените во филмот се снимени токму тука.

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Љубителите на пивото тука ќе уживаат максимално, бидејќи во Салцбург посебно се негува занаетот на правење пиво. Затоа не смеете да пропуштите посета на некоја од бројните пивници во градот. Најпознатата датира уште од 15. век, а покрај пиво, тука ќе можете да пробате и вкусни специјалитети како што се свинско ребро и колбаси.

Неколку причини зошто треба да го посетите Салцбург, родното место на Моцарт

Дознајте и нешто повеќе за Виена, која пред неколку години беше прогласена за град во кој има најубав живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар