Неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка

Неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка

Срцето претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ целото тело, па кога ќе си ја скратите, тоа се собира и станува ладно. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, различни срцеви болести или инфаркт. Токму ова објаснување може да ви помогне подобро да го разберете вашето тело, мислите и нивната поврзаност. Секако, секој човек е уникатен и најчесто не може сè да се генерализира, но оваа поврзаност меѓу емоционалното и физичкото ни нуди навистина интересно и сосема поинакво гледиште на работите во нашиот живот.

Неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка

Главоболка – Се појавува кога се казнувате себеси. Мигрените ги имаат оние кои сакаат да бидат совршени и сами си го создаваат притисокот под кој живеат. Во нив има и многу потиснат бес.

Синуси – Доколку имате проблем со синусите, можеби ве нервира блиска личност во вашиот живот. Дали имате чувство како некој од блиските да се свртел против вас?

Очи – Проблемите со очите укажуваат на нешто во себе, во своето минато или иднина, кое не сакате да го видите. Одрекувањето и желбата да „не го гледате“ тоа што се случило може да ви предизвика проблеми со видот.

Уши – Овие проблеми најчесто ни кажуваат дека постои нешто што не сакате да го чуете. Болката во ушите и другите видови проблеми со слухот се јасен знак дека можеби нешто се обидувате да скриете од себе.

Коса – Кога сте нервозни и уплашени, најчесто се создаваат „челични окови“ кои почнуваат во мускулите на рамената и се движат кон врвот на главата. Долгата изложеност на нив предизвикува косата да не може да дише, па затоа умира и опаѓа.

Врат и грло – Кога имате проблеми со вратот, тоа значи дека сте биле тврдоглави во преоценката на својата ситуација, уверени дека вашето гледиште е единственото правилно. Од друга страна пак, кога необјасниво ве боли грлото, тоа може да значи дека сте толку лути што едноставно не можете ни да говорите.

Раце – Тие ја претставуваат способноста да ги опфатите сите животните искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактите претставуваат флексибилност во менување правци во животот.

Грб – Ако имате проблеми со грбот, тоа може да значи дека се чувствувате како околината да не ве поддржува доволно. Горниот дел е поврзан со недостаток на емоционална поддршка, средниот со чувството на вина, а стравот од живеење во немаштија се одразува со болка во долниот дел од грбот.

Бели дробови – Тие ја претставуваат способноста за давање и земање во животот, па ако имате проблем со нив, можно е да се плашите да го земете или дадете тоа што ви треба.

Гради – Ако имате проблеми со градите, тоа може да укажува на претерано мајчински, заштитнички или посесивен став кон некоја личност, место, предмет или искуство.

Срце – Срцето претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ целото тело, па кога ќе си ја скратите, тоа се собира и станува ладно. Резултатот е побавен проток на крвта и отворен пат кон анемија, различни срцеви болести или инфаркт.

Желудник – Тој ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Доколку ве боли желудникот, размислете… Што или кој не можете да „сварите“? Или кои нови искуства не можете да ги впиете?

Нозе – Тие ве водат низ животот. Проблемите со нив најчесто укажуваат дека постои страв од движење. Кога нешто не сакате да направите, тоа го чувствувате преку парализираност во нозете.

Колена – Тие се флексибилност, исто како и грбот. Се поврзуваат и со способноста за прилагодување, гордоста, егото и тврдоглавоста, па кога ќе ве заболат прашајте се во која област сте тврди, непопустливи и одбивате да се прилагодите.

Стапала – Тие се поврзуваат со разбирањето на себеси и животот околу вас, како и минатото, сегашноста и иднината.

Кожа – Кога имате проблеми со кожата, се чувствувате како на некој начин да сте загрозени, како некој друг да владее со вашиот живот.

Прекумерна телесна тежина – Потреба за заштита. Оние кои се поголеми, секогаш бараат заштита со цел да не бидат повредени, омаловажени, критикувани или измамени. Тие се плашат од животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар