Неколку факти за „женските“ центиметри

Неколку факти за „женските“ центиметри

Често се разговара за центиметрите на мажите кога станува збор за секс, но што е со жените? Јасно е дека мажите се свесни за нивната должина, но што можеме да кажеме за длабочината на жените?

Неколку факти за „женските“ центиметри

Како што секоја жена има различни гради, исто постои разлика и во големината, односно во длабочината на вагината. Според најновите истражувања, просечната длабочина на вагината е 9,6 центиметри, но може да биде од 7,6 до 17,7 центиметри.

Длабочината и широчината на вагината се менуваат во зависност од околностите. Вагината може да биде тесна, па да се рашири доволно за во неа да се стави тампон или за време на секс.

Истражувањата не пронашле поврзаност помеѓу длабочината на вагината и возраста на жените. Од друга страна, може да дојде до намалување на срамните усни со текот на времето бидејќи се намалува нивото на естроген во телото. Поради ова се намалуваат мастите и колагенот.

Хормоналните нарушувања можат да влијаат и на бојата на усните, односно тие да станат потемни или посветли.

Вагината се менува и во текот на бременоста и по породувањето. Но откако ќе помине породувањето се враќа во првобитната состојба. Се открило дека не постои разлика во длабочината на вагината кај жени кои родиле и жени кои не родиле.

Просечниот пенис во ерекција е 33% подолг од просечната длабочина на вагината. Сепак, и едниот и другиот орган варираат во должина и се прилагодуваат меѓу себе. Едно истражување од 2015-та година покажало дека просечната должина на пенисот во ерекција е 13,12 центиметри. Многу жени изјавиле дека пенисот со поголема должина им предизвикува болка и неудобност.

Погледнете ги и митовите за вагината во кои треба да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар