Некои од најинтересните места кои можете да ги изнајмите на Airbnb
Постојат многу уникатни места кои можете да ги изнајмите на Airbnb. Можете да најдете замоци, куќи на дрво, локомотиви и речиси сè што ќе ви падне на ум. На веб-сајтот има над 2 милиони места за изнајмување, а многу од нив се навистина посебни. Но со толку голем избор, може да биде навистина тешко да се одлучите. Па во продолжение погледнете 5 интересни места кои можете да ги изнајмите ширум светот.
1. Замокот Борџија
Цена од вечер: 1.329 долари
Локација: Тоскана, Италија
Овој замок со 7 спални соби некогаш бил дом на семејството Борџија. Во замокот собира 13 луѓе, има поглед кон езерото Трасимено и околното село, а исто така има базен и терен за тенис. Можеби цената ви изгледа висока, но ако убедите уште 12 пријатели, ќе преноќите овде за 105 долари од вечер.
2. Студиото за пишување на Џон Стајнбек
Цена од вечер: 205 долари
Локација: Пацифик Гроув, Калифорнија
Дали имате проблеми со пишување на вашиот роман? Тогаш оваа удобна куќичка, која некогаш била во сопственост на Џон Стајнбек, ќе ја разбуди вашата креативност. Добитникот на Нобеловата награда живеел во оваа куќа во 1940-тите, додека работел на својот роман „Морето на Кортез“ (The Sea of Cortez). На истиот имот достапни се уште две малку поголеми куќи за изнајмување.
3. Кулата часовник Свети Панкрас
Цена од вечер: 160 долари
Локација: Лондон, Велика Британија
Едно од најуникатните места во Лондон е скриено во огромна кула часовник на врвот на меѓународната станица Свети Панкрас. Приватниот апартман за гости е дел од поголем двособен апартман кој има сопствена бања, кујна и дневна соба, и се разбира неверојатен поглед кон градот.
4. Гостилница куче
Цена од вечер: 132 долари
Локација: Котонвуд, Ајдахо
Љубителите на кучиња сигурно ќе сакаат да го посетат ова место. Куќата во форма на куче има место за 4-ца и е блиску до многу знаменитости од овој регион. Уникатната градба е во сопственост на двајца уметници кои создаваат скулптури слични на оваа куќа. Кучињата, се разбира, се добредојдени.
5. Кампот Вандавега
Цена од вечер: 550 долари
Локација: Елкхорн, Висконсин
Дали сакате да искусите летен камп како од филмовите? Тогаш ова е местото за вас. Кампот Вандавега има рустикални кабини и многу активности како стрелаштво и кајакарство. Кампот вообичаено прима големи групи кои бараат приватен одмор, но можете да изнајмите некоја од кабините со 3 соби (во кои собира 5 луѓе), а исто така можете да изнајмите и кабина за 12 луѓе.
Ако навистина сакате да патувате, тогаш дознајте нешто повеќе за бесплатното сместување на Каучсурфинг.