Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

Дизниленд во последно време стана многу популарна дестинација за запросувања, свадби и фотосесии, но фотосесијата на оваа жена стана вистинска Интернет сензација и инспирација за сите девојки ширум светот. 27-годишната Брук Лоури отсекогаш сонувала за вечна љубов и верувала во среќните краеви на познатите Дизни цртани како што се „Пепелашка“ или „Малата сирена“. Таа мислела дека конечно го нашла нејзиниот принц на бел коњ и со цел да ја прослават нивната веридба, таа испланирала фотосесија на најволшебното место во светот – Дизниленд.

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

За жал, љубовните врски во вистинскиот свет немаат секогаш среќен крај и свршеникот на Брук ја откажал венчавката само неколку недели пред закажаната фотосесија. Брук сакала да ја откаже и фотосесијата, но наместо тоа одлучила да извлече нешто корисно од целата ситуација.

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

„По неколку дена размислување си помислив ’Знаеш што? Нема шанси! Твојата бајка нема да заврши вака! Ти ќе се чувствуваш прекрасно, ќе имаш прекрасен ден и прекрасни фотографии кои секогаш ќе ти останат како спомен’“, изјавила Брук.

Таа го опишува денот како горчливо сладок, но сепак професионалните фотографии се доказ дека таа навистина изгледа како Пепелашка, со или без принц.

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

„Имаше неколку гости кои ме прашаа која принцеза сум и тоа навистина ми го разубави денот. Искрено, искуството не можеше да биде поубаво“, објаснува Брук.

По фотосесијата, Брук ја тргнала настрана идејата дека „еден ден ќе се појави нејзиниот принц“ и почнала да се фокусира на себеси. Во јули таа се преселила од Калифорнија во Нешвил, Тенеси за да го започне следното поглавје од нејзиниот живот како личен асистент, иако претходно работела во „Disney Animation Television“. Таа не е сигурна каква иднина ја чека, но нејзините мисли се позитивни и оптимистични.

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

„Бев во сериозна врска 10 години и мислам дека е време да се фокусирам на она што можам да му го подарам на светот. Се надевам дека повторно ќе работам за Дизни и ќе успеам да дадам свој придонес во серијата на Дизни принцези кои беа мојата инспирација уште кога имав само 3 години.“

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

Брук ја завршила нејзината магична фотосесија гледајќи го огнометот над замокот во Дизниленд и одново ја пронашла храброста и внатрешниот мир. Таа се надева дека еден ден ќе може да ги покаже овие фотографии на ќерка ѝ како пример за тоа дека не треба да се биде жртва, туку дека треба да се преземе контрола врз сопствениот живот.

Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд

„Вие ја имате моќта да најдете убавина и магија во секој ден за себеси и за другите. Животот е бајка полна со еден куп нови почетоци и среќни краеви. Сите ја носиме магијата во себе!“, завршува Брук.

(7) Нејзиниот свршеник ја откажал свадбата, а таа направила извонредна самостојна фотосесија во Дизниленд


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар