Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Кога посетувате некој град за прв пат, покрај туристичките атракции, обидете се да ги посетите и местата кои им се омилени на мештаните. На тој начин ќе добиете поцелосна слика за градот. Во продолжение прочитајте кои места може да ги посетите во Амстердам кои сепак не се дел од неговите главни туристички знаменитости.

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Истражете ја градината Hortus Botanicus

Станува збор за ботаничка градина која е сместена во областа Плантаџ. Имено, градината изобилува со цвеќиња, разноразни билки, палми и егзотични растенија. Тука се наоѓа и кафуле доколку сакате да се одморите од посетата, а кое може да се изнајми и за приватна забава.

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Посетете го киното Tuschinski

Киното Tuschinski е едно од најстарите кина во Амстердам и е прогласено за најубавото кино во Холандија благодарение на неговата Арт Деко фасада и прекрасниот внатрешен дизајн.

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Не пропуштајте го пазарот на книги Oudemanhuispoort

Идеално место за секој патник вљубеник во уметноста и литературата бидејќи овде целото шеталиште е преполно со тезги на кои се продаваат книги на старо. Покрај тоа, местото има посебна атмосфера со оглед на тоа дека некогаш и Винсент ван Гог шетал токму на ова пазарче, па кружи легендата дека неговиот дух сè уште лебди овде…

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Посетете ја населбата Joordan

Joordan е една од најпопуларните населби во градот. Се работи за место каде малите улички се заменети со канали, а овде ќе наидете и на многу продавници, кафулиња, ресторани и галерии. На секој турист му се препорачува да го посети местото и навечер кога уличното осветлување е вклучено при што му дава посебна магија.

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Откако прочитавте за дел од локациите во Амстердам кои и не се толку познати но вредат да се посетат, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар