Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно - Part 3

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

12. Зошто ми се затнува само едната ноздра на носот?

Се затнува само едната ноздра затоа што двете си ја делат работата меѓу себе и кога едната е затната другата се бори да ја изработи целата работа за која се задолжени и двете. Тоа е регулирано од истиот дел на мозокот кој ги регулира и дишењето, биењето на срцето и варењето на храната.

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

13. Што се случува ако ги задржуваме гасовите во себе?

Гасовите се природен дел од процесот на варењето на храната. Чувството дека имате гасови значи дека телото има вишок од нив и сака да ги исфрли надвор. Не е пристојно да ги испуштате во секаква прилика, а кога се наоѓате во една таква, можете да ги задржите и потребата да помине. Не е страшно ако се прави ретко, но ако се прави постојано тогаш ризикувате добивање на хемороиди или подуени црева. Доброто во целата ситуација е тоа што сè што сте чувале во текот на денот, излегува ноќе за време на сонот.

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

14. Зошто повраќаме кога ни е лошо?

Се повраќа поради три причини: иритација на стомакот, иритација на мозокот и проблеми со хормоните. Овде проблемот е во иритацијата на мозокот. Кога ви е лошо тој смета дека телото се труе и веднаш се впушта во акција за отстранување на она што е во стомакот.

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

15. Зошто сакаме да пееме под тушот?

Науката ни на ова прашање нема дефинитивен одговор, но има две теории. Според едната, моментот кога сме сами под тушот дава ментална удобност која поттикнува на песна. Според друга, метално-пластичното опкружување под тушот дава посебен акустичен ефект, така што ги крие несовршеностите во гласот и дава можност да уживаме во илузијата дека сме добри пејачи.

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

16. Зошто побелува косата?

Косата нема своја боја. Начинот на кој ние ја перципираме зависи само од излачувањето на нејзиниот пигмент. Кога телото старее, пигментот се излачува сè послабо, а косата си ја врќа својата природна боја – бела или сива.

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно

17. Зошто мажите имаат брадавици на градите?

Одговорот е изненадувачки: затоа што сите мажи почнале како жени. Секој започнува како жена во утробата на мајката затоа што ембрионот е дел од мајката. Дури по 60 дена од бременоста се појавува тестостеронот и плодот го развива во машко бебе. Сепак, она што се развило дотогаш, останува такво какво што е.

Науката ви одговара на 17 прашања кои се срамите да ги поставите гласно


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар