Науката докажува дека трчањето не им штети на вашите колена

Науката докажува дека трчањето не им штети на вашите колена

Стареењето носи многу негативни последици со себе, па затоа и не сакате да направите нешто што би ги довело во опасност вашите зглобови, мускули, срце… Но, каде треба да се повлече линијата помеѓу останувањето физички активни и обидот да не претерате? Со други зборови, дали би требало да се откажете од трчањето со цел да ги заштитите колената? Одговорот е НЕ!

Науката докажува дека трчањето не им штети на вашите колена

Студиите ни покажуваат дека оние што редовно трчаат всушност доживуваат помалку долготрајна штета на своите колена отколку оние што се неактивни или практикуваат друг вид вежби. И покрај тоа што трчањето создава повеќе сила и оптоварување на вашите колена од самото одење, вие помалку удирате на земјата бидејќи чекорите ви се подолги. Па, сè додека вашите колена се здрави, трчањето нема да ви ги зголеми шансите за развивање артритис.

Баш напротив, доколку редовно трчате, на долг рок ќе имате помалку болки во колената. Ова се случува затоа што трчањето ве одржува во добра форма (ќе имате помалку вишок килограми) и ја подобрува целата мускулна сила на вашето тело. Митот конечно е разоткриен!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар