Научно потврдено: Луѓето кои се среќни на работа имаат најмногу секс
Луѓето честопати велат дека работата не треба да се носи дома. Но, зошто да не си го однесете домот на работа или да бидеме попрецизни: Да си ја однесете спалната соба во канцеларијата?
Не велиме дека треба да имате секс со вашиот колега во канцеларија, туку дека треба да си ги задоволите потребите со вашиот партнер или партнерка дома ако сакате да бидете попродуктивни на работа. Така гласи советот на најновите истражувања.
Имено, во истражувањето учествувале 159 вработени брачни парови кои две недели воделе дневник за нивните сексуални активности. Резултатите покажале дека луѓето подобро работеле, но и повеќе си ја сакале работата ако имале секс претходната вечер.
Сигурно веќе сте чуле дека сексот го подобрува расположението на луѓето, но ова е првото истражување кое потврдува дека постои директна врска меѓу водењето љубов и успехот во кариерата.
Според сето ова, доколку сакате да добиете унапредување, ние ви советуваме да запалите свеќи, да пуштите романтична музика и да го изненадите партнерот или партнерката со совршена атмосфера за водење љубов.
По читањето на овој текст размислете што би ве направило посреќни: Да имате секс еднаш неделно или да заработувате повеќе?