Научниците откриваат: Зошто вашиот дечко никогаш нема да признае дека згрешил?
Сте се договориле со вашето момче да вечерате во новиот ресторан што го отвориле на вашата улица. Вие сте се појавиле во 19:00 часот и сте почекале добри 15 минути пред да му се јавите за да видите каде е. Испаднало дека тој ве чекал 15 минути пред ресторанот на неговата улица. Како можел да направи таква грешка кога убаво сте му напишале во порака каде треба да се чекате?
Тој не ви верува дека така пишувало во пораката, па мора да му пратите скриншот каде што јасно се гледа дека сте напишале „Ајде да одиме во ресторанот кај мене на улица“, а тој одговорил „Може, ти одговора да се чекаме во 19:00?“. Јасно е дека вие сте во право, а тој згрешил. Сепак, тој одбива да ја признае грешката. Вас ве обвинува што праќате долги пораки, па тој не можел да обрне внимание на сите детали. Пред да му се налутите, земете ги предвид откритијата од најновото истражување.
Истражувачите од Калтек и школата Вартон при Универзитетот во Пенсилванија дознале дека луѓето со повисоко ниво на тестостерон многу често мислат дека се во право, дури и тогаш кога не се.
„Групата луѓе со повисоко ниво на тестостерон донесуваа брзи решенија за некои загатки каде што првичната претпоставка е најчесто погрешна. Тестостеронот или го попречува процесот на ментална проверка или го зголемува интуитивното чувство кое вели ’Нема сомнеж дека сум во право’“, објасниле истражувачите.
Истражувачите дошле до овој заклучок преку истражување спроведено на 243 мажи одбрани по случаен избор кои добиле или доза гел со тестостерон или плацебо гел пред да го прават тестот.
Едно од прашањата било поврзано со едноставен математички проблем и гласело „Палка и топка заедно чинат 1,10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?“
Повеќето луѓе инстинктивно ќе одговорат дека топката чини 10 центи. Но, ако размислите подобро, ќе сфатите дека тоа е погрешно бидејќи на тој начин палката би чинела 90 центи повеќе од топката. Точниот одговор е дека топката чини 0,05 долари што значи дека палката чини 1,05 долари.
Како што можете да претпоставите, групата што била изложена на гелот со тестостерон не го поминала тестот. Всушност, тие добиле многу пониски резултати од другата група со тоа што 20% од прашањата ги одговориле погрешно.
Освен тоа, истражувањето покажало дека луѓето со повеќе тестостерон побрзо даваат погрешни одговори и им треба повеќе време за да се сетат на точните одговори. Истражувачите сметаат дека сето ова е поврзано со фактот што тестостеронот ја зголемува самодовербата кај луѓето.
„Ако сте посамоуверени, ќе мислите дека сте во право и нема воопшто да се сомневате во себе или да се обидувате да ги исправите грешките“, изјавиле истражувачите.
Нареден пат кога вашето момче само ќе фрли поглед на вашите пораки и ќе претпостави дека треба да вечерате во ресторанот на неговата улица, имајте на ум дека тоа е последица од нивото на тестостерон што го принудува да направи брза проценка и да се држи до неа.
Доколку сакате да побарате прошка за направената грешка, науката открива како правилно да се извините.