Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Образованието е важен дел од животот на еден човек и игра круцијална улога за иднината на едно дете. Сепак, според Обединетите нации, дури 60 милиони деца во светот не се во училишните клупи. Главната причина за ова е сиромаштијата. Многу од овие деца, наместо да одат на училиште, работат за да им помогнат на своите родители.

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Неодамна, една наставничка од Камбоџа споделила фотографии од нејзин ученик и неговото ранче, кое го направил неговиот татко за да заштеди пари. Ова е доказ дека до оние работи кои ние ги земаме здраво за готово, на некои луѓе им е многу тешко да дојдат.

Кога петгодишното момче почнало да ги посетува часовите, наставничката не можела, а да не го забележи специфичното ранче. Во овој регион, едно ранче од продавница чини 7 долари и многу родители не можат да си ја дозволат оваа сума, иако е мала. Но, овој татко бил неверојатно креативен и од рафија сплел прекрасно сино ранче.

Набргу откако фотографиите биле споделени, родители од целиот свет почнале да ја изразуваат својата поддршка за таткото, а некои од нив веруваат дека тој би можел да направи многу за своето семејство доколку почне да продава вакви ранчиња онлајн.

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Прочитајте ја инспиративната приказна за еден учител-херој од Индија кој обезбедува образование за сиромашните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар