Народни верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година

Народни верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година

Долгата традиција на славење Нова година донесе и многу суеверија, а некои сè уште постојат и денес. Старите луѓе верувале дека дури и ветерот може да биде добар навестувач за тоа каква ќе биде следната година. Значи, ако воопшто нема ветер или ветрот дува од југ – тоа значи дека следната година ќе биде добра и плодородна. Од друга страна, ако ветрот дува од исток, годината ќе биде лоша и исполнета со многу проблеми.

Народни верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година

Повеќето верувања се за работи што не смееме да ги правиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во наредната година.

Едно верување на кое му се придава голема важност се однесува на емоционалните односи со блиските луѓе. Имено, не треба да заборавите да им ја честитате Новата година, во спротивно ќе се оддалечите од нив во наредната година.

Финансиската стабилност е една од работите кон кои се стреми секој од нас, затоа постои силна верба дека не треба да се позајмуваат пари на 31-ви декември и 1-ви јануари, бидејќи таквиот почеток на годината предвидува уште дванаесет месеци соочување со материјални проблеми.

Не треба да изнесувате ништо од куќата на 1-ви јануари – вели едно уверување, па уште се верува и дека не треба да го исфрлате ѓубрето од вашата куќа на овој ден. Колку и да звучи лудо, ова правило е флексибилно и некои луѓе сметаат дека е во ред да изнесат некои работи на 1-ви јануари ако нешто претходно се внесе во куќата.

Постојат некои луѓе кои сметаат дека не е добро ниту теписите да се истресат тој ден.

Едно друго верување е и со сексистички тон, а во него се вели дека првиот човек кој го преминал прагот по полноќ не треба да биде жена затоа што некогаш се сметало дека жените носат несреќа.

Исто така, некогаш се сметало дека првиот што влегува во куќата во Новата година не треба да биде со руса или црвена коса. Се разбира, тоа не значи дека треба да ги избркате роднините со руса или црвена коса, добриот пријател или партнерот кој влегува во куќата.

Иако постои верување дека треба малку и да поработите тој ден, сепак тоа треба да биде умерено.

Суеверието вели дека не е добро да склучувате големи зделки на 1-ви јануари. Не треба да започнете некој голем проект на овој ден, бидејќи тој нема да биде просперитетен, туку напротив – ќе биде осуден на неуспех.

Постои и верување дека на кој било верски празник не треба да ги извршувате ниту домашните обврски. Истото верување важи и за Новата година, а луѓето сметаат дека на овој ден не треба да ги миете ниту садовите.

Ако нешто ви се скрши на Нова година, тоа исто така, е многу лош знак. Затоа, бидете внимателни.

Дајте сè од себе за да имате добро расположение, затоа што постои верба дека тие емоции што ќе ги имате на 1-ви јануари ќе ве следат во текот на целата година.

Можеби сакате да ги прочитате и 10-те интересни божиќни традиции ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар