Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

Пролетта само што ни пристигна, а ние со нетрпение чекаме да ги соблечеме дебелите џемпери и топлите чизми и да ги замениме со разлетани фустани и балетанки! Веруваме дека сте расположени за пролетен шопинг и веќе сте ги посетиле бутиците по потрага за некое ново пролетно парче. Исто така, веруваме дека сте забележале дека балетанките со врвки се сè повеќе популарни и дека можат да се најдат во бројни продавници за обувки. Сепак, за овие балетанки треба да одвоите одредена сума на пари, зар не? Ние велиме – НЕ! Можете да ги направите сами. Потребно ви е само еден пар стари балетанки и малку добра волја!

1-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

Погледнете го упатството и дознајте како брзо и лесно да ги редизајнирате старите и да направите потполно нови балетанки со врвки.

Потребен материјал:
  • Обични балетанки
  • Кожни врвки
  • Алатка за правење дупчиња во кожни материјали
  • Маркер

2-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

1. На самата средина на балетанките, веднаш над прстите, издупчете дупка.

3-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

2. Низ неа провлечете ја врвката, но внимавајте краевите да ви бидат со иста должина. Нив ќе ги провлечете низ новите две дупчиња кои ќе ги направите неколку сантиметри повисоко, од страната.

4-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

3.Предлагаме да направите уште по едно дупче, отприлика околу зглобот. Потоа кожните врвки украсете ги, па протнете ги низ дупките.

5-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

4. И тоа е сè. Балетанките ќе ги облечете, а кожните врвки ќе ги обвиете околу зглобовите и ќе ги заврзете.

6-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар