Направете сами: слатки перници со мотиви на був

Направете сами: слатки перници со мотиви на був

Бувовите се слатки птици кои во некои култури претставуваат мудрост. Исто, застапени се во модата, со облека и аксесоари со принтови или во форма на бувови. Еве како сами да изработите кул перничиња со мотиви на був за да го разиграте домот.

Направете сами: слатки перници со мотиви на був

Потребно:
  • 2 парчиња материјал (еден со интересен принт и друг еднобоен, но внимавајте боите да одговараат)
  • Неколку меки материјали во различни бои (како на пример кафена, бела, жолта и црна, бидејќи ќе ви служат за очите и клунот на бувот)
  • Вата
  • Ножички
  • Модел на був изработен од парче хартија (во големина на перницата)

Поставете го моделот на був над главниот материјал и внимателно исечете го материјалот според моделот од хартија. Од другиот материјал исечете ги крилјата на бувот и зашијте ги заедно со главниот дел од бувот. Од мекиот материјал направете ги очите и клунот на бувот. Слободни сте да ја искористите вашата креативност и да направите да изгледа онака како што сакате.

Направете сами: слатки перници со мотиви на був

Откако ќе го направите предниот дел, зашијте го со задниот дел (парче материјал ист како основата на предниот дел), оставајќи еден раб незашиен за да ја наполните перницата. Наполнете ја перницата со вата и зашијте го и последниот раб. Внимавајте ватата да биде секаде еднакво распоредена. Перничињата може да ги направите во различни големини, а исто се одлични како подарок за роденден.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар