Претходно
Направете сами: Молив од гранка дрво
Со малку креативност и трпение, вие можете да направите молив од гранка дрво, со кој ќе можете навистина да пишувате, но кој исто така ќе ви служи и како украс или интересен поклон за вашите најмили. Тој се прави брзо и лесно, нема да ве чини многу, а со сигурност ќе уживате при неговата изработка.
Потребен материјал:
- Гранка со дебелина на еден прст
- Графит од 2 милиметри
- Дупчалка и бургија
- Лепило за дрво
- Нож за острење
- Пила (по потреба)
Начин на изработка:
Исечете ги гранките со должина од петнаесетина сантиметри. Доколку немате пила, можете да употребите нож.
Со молив означете ја средината на гранката каде што треба да пресечете и да го ставите графитот.
Во средината на гранката направете дупка со дебелина од 3 до 5 сантиметри.
Проверете дали графитот влегува во дупката.
Ставете го долниот дел од графитот во лепило, а потоа веднаш вметнете го во гранката.
Отсечете го вишокот графит и оставете го лепилото да се исуши.
Со нож изрежете ја гранката и изострете го графитот.
Веќе го имате вашиот нов и уникатен производ кој ќе ги изненади оние околу вас!