Направете сами лебдечка елка во четири чекори
Ако ви се досадни традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по некоја нова идеја која ќе ги воодушеви вашите најблиски, како и вашите гости, погледнете го овој едноставен начин да направите декоративна лебдечка елка за само неколку минути.
Потребен материјал:
- Дебел картон со димензии по ваша желба
- Фарба во вид на спреј
- Метро
- Конец
- Ножици
- Зелена леплива лента
- Силиконски конец
- Силиконско лепило
- Метална кука за закачување
- Новогодишни украси и ламбички
Начин на изработка:
Изрежете кругови од картон
Ставете го картонот на рамна површина. Со помош на игла, прикачете го едниот крај на конецот во централниот дел на картонот. Мерејќи од центарот, направете ознака со маркер на секои пет сантиметри, а потоа, со помош на конец означете ги внатрешните кругови. Исечете ги со помош на ножици.
Обојте ги круговите
Обојте ја едната страна на елката во темна нијанса на зелената боја. Ставете сјај и оставете да се исуши. Повторете и на другата страна од картонските кругови, така што тука ќе ги обоите во светла нијанса на зелената боја. Краевите на круговите обложете ги со зелена лента.
Закачете ја елката
Закачете метална кука на таванот или на друго погодно место каде што сакате да виси вашата елка. Направете осум дупки на секој круг и низ секоја вметнете силиконски конец, редејќи ги круговите на еднакви растојанија, почнувајќи од најмалиот, па кон најголемиот. Со силиконското лепило прицврстете ги круговите да не паѓаат надолу.
Украсете ја елката
Можете и самите да направите украси, како што ќе можете да видите во видеото подолу, или пак да купите веќе готови. Ставете и новогодишни ламбички, а за уште поголем ефект, осветлете ја елката со ламба.
Погледнете го видеото кое ви прикажува детално упатство за изработка на оваа елка.