Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Дали ви е здодеано од фотографиите во обични рамки кои стојат на вашите полици? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш одвојте малку од своето време и изразете ја вашата креативна страна. Фотографијата пренесена на дрвена површина изгледа необично, дава подобар ефект, а сигурно и ќе ги изненади сите околу вас.

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

За нејзина изработка, потребно ви е:
  • Фотографија по ваш избор
  • Дрвена површина
  • Шмиргла
  • Гел за дрво
  • Масло за дрво

За да ја создадете оваа необична креација, погледнете кои чекори треба да ги преземете.

Чекор 1: Изберете дрво

Пред да ја изберете фотографијата, треба да знаете на какво дрво сакате истата да ја пренесете, па да можете да ја прилагодите нејзината големина и форма. Некои практикуваат ова да го направат врз нивната гитара, мебелот или други дрвени предмети, но доколку сакате нешто поедноставно, тогаш изберете некое обично, чисто парче дрво. Можеби ќе треба малку да го обликувате, но сепак, имајте ја предвид големината на хартијата на која ќе печатите.

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Чекор 2: Подгответе ја фотографијата

Треба да пронајдете некоја фотографија што ви се допаѓа. Доколку ѝ треба некоја обработка (на пример ротирање, сечење или слично), можете да користите различни апликации. Препорачливо е да ѝ додадете на фотографијата потопли бои, така што ќе изгледа подобро кога ќе ја поставите на дрвото. Трудете се да ги избегнувате светлите и фотографиите кои содржат повеќе боја, затоа што кога ќе се пренесат на дрвото не изгледаат толку добро.

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Чекор 3: Испечатете ја вашата фотографија

Откако веќе ја избравте фотографијата и соодветно ја уредивте, потоа треба да ја испечатите, а за подобри резултати можете да користите ласерски печатач.

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Чекор 4: Подгответе го дрвото

Исчистете го дрвото со шмиргла со цел да ги отстраните сите нечистотии, маснотии или нерамнини. Потоа нанесете гел и распоредете го рамномерно.

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

Преминете на наредната страница за да ги видите преостанатите чекори и видеото со детално објаснување за ова постапка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар