Најубавите универзитети на светот
Импозантни, прекрасни, впечатливи. Тоа се атрибутите на едни од најубавите универзитети во светот. Погледнете ги…
Прекрасните стари златни згради на Оксфорд отсекогаш привлекувале студенти од целиот свет. Редклиф Камера, библиотеката Бодлеин и колеџот Магдален се едни од најубавите архитектонски зданија на овој универзитет.
Харвард е најстариот универзитет во Америка. Изграден во 1636 година, овој универзитет е познат по надворешната фасада на зградите украсена со црвени цигли и пространите дворови засадени со дрвја. Најстарата зграда е Massachusetts Hall, скромно здание изградено во рано-џорџијански стил. Претседателот на универзитетот ја има таа чест да работи токму во оваа зграда.
Можеби Универзитетот Кејп Таун не може да се пофали со брилијантни зданија како што поседуваат другите универзитети. Сепак, неговата поставеност во подножјето на планините, го прави да биде неверојатно прекрасен.
Иако на прв поглед изгледа како луксузен хотел, ова е само универзитет. Се работи за Московскиот државен универзитет кој едноставно импресионира, особено навечер кога е целосно осветлен. Ова е еден од најпрестижните универзитети во Русија. Главната зграда е најголемата едукативна структура што постои во светот.
Болоња е еден од најстарите универзитети во светот, изграден во 1088 година. Го красат неодоливите згради со црвени покриви и старите високи столбови.
Оваа импозантна зграда е дел од Универзитетот Торонто, основана во 1827 година. Кампусот го сочинуваат згради во романски и готски стил. Токму овој стил го прави целиот комплекс интересно привлечен, посебно во зима.
Не можеме да го спомнеме Оксфорд, а да го изоставиме познатиот универзитет Кембриџ. Посетителите често ѝ се воодушевуваат на Кралската капела на колеџот и погледот покрај реката.
Една од работите што мора да ги посетите во западна Шпанија е Универзитетот Саламанка, основан во 13 век. Овој универзитет е познат по огромните зданија кои изгледаат како да се накитени, изградени во познатиот шпански стил „plateresque“. Фасадата е покриена со прекрасни резби, вклучувајќи ја и таа на жабата сместена на череп, за која се верува дека носи среќа за оние кои ќе ја забележат.
Оригиналниот кампус на Универзитетот Мумбаи е изграден во 19 век. Една од најубавите згради е кулата обвиена со спирални скали. Кулата Раџабаи, моделирана по моделот на Биг Бен, е една од најпознатите туристички дестинации во Мумбаи.
Универзитетот во Сиднеј, изграден во нео-готски стил, е дизајниран од страна на архитектот Едмунд Блакет во 1850 година. Она што особено воодушевува кај овој универзитет е Големата сала. Според Ентони Тролоп, дури ни престижните Оксфорд и Кембриџ немаат таква сала со толку добри пропорции.
Како дел од Универзитетот Лондон, Royal Holloway во Суреј е познат по зградите со црвени цигли, моделирани по замокот Шембрун во Франција. Распослан на 136 акри во шумски предел, на почетокот во овој кампус можело да престојуваат само жени.
Универзитетот Отаго во Нов Зеланд има многубројни згради кои едноставно пленат со својата убавина. Една од тие е зградата на фотографијата, изградена во 19 век во нео-готски стил, простирајќи се покрај река.
Сивите каменести згради покриени со растенија се обележје на Универзитетот Принстон, изграден во нео-готски стил. Овој кампус е познат по многубројните скулптури, вклучувајќи ги делата на Пикасо и Хенри Мур.
Универзитетот Шаман го има највпечатливиот кампус во Кина, сместен на подножјето на планините и опкружен со море. Неверојатните згради се препознатливи по измешаните источни и западни стилови.
Основан од Кралицата Викторија во 1845 година, Кралскиот универзитет Белфаст се состои од 300 згради, сместени во зеленото предградие на Белфаст. На фотографијата можете да ја видите зградата Lanyon која е импозантна по својата големина. Изградена во Тудор-готски стил, се наоѓа во срцето на кампусот.
Архитектурата на Јеил се протега од колажи со црвени цигли од 18 век до впечатливи модерни структури. Многу од познатите згради на овој кампус се изградени во 20 век. Архитектот Џејмс Гембл Роџерс се служел со трикови за да направи зградите да изгледаат постаро, со тоа што фрлал киселина на каменестите ѕидови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.