Најубавите пристаништа во светот
Крстарењето е еден од најубавите начини за патување. Па, доколку сте се одлучиле за ваква авантура, погледнете кои пристаништа се најубави и навистина вреди да ги посетите.
1. Њујорк, САД
Менхетен останува класика кога станува збор за градови кои мора да ги видите од море. Бидејќи терминалот за бродови на Менхетен бил мал, отворени се уште два во изминатата деценија. Ова е неверојатен поглед на Менхетен, Статуата на слободата и Островот на гувернерот.
2. Санторини, Грција
Многу малку пејзажи се драматични како оној на Санторини. Остров издлабен од постојаните вулкански ерупции каде што бродовите пристигаат на пристаниште опкружено со бели куќи. Од овде можете да отидете и во Оиа, мало селце на работ на островот за кое се смета дека го има најубавото зајдисонце на светот.
3. Венеција, Италија
Венеција никогаш нема да ја изгуби способноста да воодушевува. Во екот на сезоната, во Венеција доаѓаат 30.000 бродови, за кои локалните жители велат дека им го уништуваат градот. Сепак, ова е нешто кое вреди да се види.
4. Хјорундфјорд, Норвешка
Кога станува збор за природна убавина, мал број места може да се спротивстават на норвешкиот брег. Богат со прекрасни сребрени реки и смарагдни планински врвови, овој пејзаж ќе ве остави без зборови.
5. Пристаниште Неко, Антарктик
Крстено по еден брод кој бил закотвен овде во 20-тиот век, Неко е едно од главните пристаништа на Антарктикот. Опкружено е со глечери и со поглед кон Маунт Френсис. Можете да видите и китови, пингвини и фоки.
6. Хонг Конг, Кина
Ако сакате совршена мешавина од стара и нова Азија, упатете се кон Хонг Конг. Од сите страни ќе бидете опкружени со облакодери, доказ дека оваа светска сила не планира да забави.
Продолжува на следната страница…