Најубавите цитати на Херман Хесе за животот и љубовта
Херман Хесе, роден во Германија, е еден од најпознатите писатели на дваесеттиот век чии најпознати дела се „Сидарта“, „Играта со стаклена мониста“ и „Демијан“. Тој е и добитник на Нобеловата награда за литература, а во неговите дела честопати е присутна потрагата на поединецот по духовност како и желбата за самоспознавање. Во продолжение прочитајте дел од неговите цитати за животот и љубовта.
„Отсекогаш верував и сè уште верувам дека без разлика на добрата или лошата судбина која може да нè снајде, секогаш можеме да ѝ дадеме значење и да ја претвориме во нешто вредно.“
„Секое искуство има нешто магично во себе.“
„Немам право да се нарекувам некој што знае. Бев оној кој истражува, и сè уште сум, но веќе не истражувам во ѕвездите или во книгите. Почнувам да ги слушам учењата на крвта која пулсира во мене. Мојата приказна не е хармонична како измислените приказни; има елементи на будалштина и збунетост, на лудост и сон, како животот на сите луѓе кои повеќе не сакаат да се лажат себеси.“
„Кога некој ви се допаѓа, ви се допаѓа и покрај неговите маани. Кога сакате некого, го сакате со неговите маани.“
„Сакајте ја вашата болка. Не ѝ се спротивставувајте, не бегајте од неа.“
„Луѓето со храброст и карактер секогаш ќе им изгледаат чудни на другите.“
„Среќата е љубов, ништо друго. Човек кој е способен да љуби е среќен човек.“
Откако ги прочитавте овие цитати од Херман Хесе, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.
Извор: azquotes.com