Најубавите базени во светот, според Инстаграм

Најубавите базени во светот, според Инстаграм

Да, морските и езерските пејзажи се едни од најневеројатните на планетата Земја, особено кога станува збор за летен одмор. Но, верувале или не, постојат неколку базени ширум светот што се наоѓаат рамо до рамо со најневеројатните мориња и езера. Погледнете ги следниве неколку локации што според корисниците на Инстаграм се најдобрите кога станува збор за базени!

Сан Алфонсо дел Мар Алгаробо (Чиле)

Ако некогаш сте се запрашале каде се наоѓа најголемиот и најдлабокиот базен во светот, тогаш дојдовте на вистинското место. Одговорот е во Чиле. Овој неверојатен базен е долг 1 километар, длабок 35 метри и содржи дури 250 милиони литри солена вода. Не е воопшто чуден фактот што покрај пливање, можете и да сурфате во овој базен.

Ресорт Марина Беј Сендс (Сингапур)

Станува збор за водена тераса со поглед кон градот. Овој базен се наоѓа во најпопуларниот ресорт во Сингапур, како дел од Небесниот парк на кровот на Марина Беј Сендс, на 57-миот спрат. Поради својата неверојатна локација, овој хотел е прогласен за најчесто објавуваниот на Инстаграм за 2017 година.

Ресорт Хувафен Фуши (Малдиви)

Да, ова е тоа што се нарекува „бесконечен базен“. Не постои подобро име за ова место што во целост се претопува со океанот. За време на зајдисонцето, базенот изгледа како ѕвездено небо, правејќи го најромантичниот избор на оваа листа.

Хотел Белмонд Карусо Амалфи (Италија)

За разлика од другите базени на оваа листа, овој се наоѓа многу близу до нас, па затоа и можеме да го посетиме барем на еден викенд. Базенот е опкружен со средновековни рушевини, а поради својата одлична положба на морските карпи, тој овозможува неверјоатен поглед кон Средоземното Море.

Блу Лагун (Исланд)

Ако планирате во скоро време да го посетите Исланд, тогаш Сината лагуна е местото што не смеете да го напуштите. Станува збор за вештачко геотермално езеро со сина вода, богата со алги, што има козметичка и освежувачка моќ. Бањањето во врелата вода, додека надвор температурите се под нулата, е искуство што никогаш нема да го заборавите.

Погледнете ги и овие бесконечни базени за целосно опуштање!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар