Најстрашните работи на светот што навистина постојат
Океанот
Доколку некогаш сте седеле на плажа со океан, сигурно ви се појавиле многу измешани чувства. Нагоре има празен простор, ѕвезди и цел универзум. Надолу има чудовишта, бранови и огромни длабочини. На двата краја има непознати и страшни средини кои би можеле да ве убијат додека да трепнете. Истовремено, вие седите на топол песок и целата цивилизација се наоѓа точно зад вас. Кога ќе се земе сето ова предвид, океаните се навистина мистериозни и страшни водни површини.
Крлежот што ќе ве претвори во вегетаријанци
Крлежот познат под латинското име Amblyomma americanum може да ви го уништи целото лето со тоа што ќе го смени начинот на кој телото ви реагира на црвено месо. Ова се можеби одлични вести за вегетаријанците, но љубителите на месо дефинитивно не би сакале да дојдат до контакт со ваков крлеж.
Сериски убијци
Има многу сериски убијци кои никогаш не биле фатени. Иако во нашата земја сериските убијци не се толку честа појава, сепак не можеме да бидеме сигурни дека медиумите ни пренесуваат сѐ што се случува. Убиства се случуваат насекаде низ светот и самата помисла на тоа е многу застрашувачка.
Прионски болести
Прионските болести се предизвикани од протеин кој се претвора во абнормална форма наречена прион. Тој го напаѓа нервниот систем и предизвикува појава на други приони чиј број постојано се зголемува. Кога бројот на прионите ќе стане доволно голем, болеста почнува да се манифестира. Кравјото лудило и фаталната инсомнија спаѓаат во групата на прионски болести. Иако прионските болести се многу ретки, тоа не ги прави помалку страшни.
Долгови
Речиси не постои човек кој нема долгови. Луѓето постојано земаат кредити чии камати се зголемуваат, ги ставаат куќите под хипотеки и им треба многу време за да ги исплатат. Многумина го поминуваат целиот живот во исплаќање кредити и хипотеки. Платите се мали, а условите за работа ужасни, па затоа не е ни чудно тоа што долговите се најголемиот кошмар на современото општество.
Човештвото
Луѓето се пострашни од кое било друго суштество во природната средина. Ние создаваме нуклеарни оружја, измислуваме болести за да се убиеме меѓусебно, убиваме, силуваме, ја уништуваме нашата планета, ги мачиме животните, си ги тепаме децата и се малтретираме на најужасните можни начини и потоа ги гледаме сите овие работи на телевизија, читаме за нив на Интернет и во весници, пишуваме песни и сето тоа го правиме своеволно. Своеволно си ги правиме сите овие работи еден на друг и на светот во кој живееме иако знаеме дека тоа е погрешно. Луѓето се дефинитивно најстрашното нешто што постои на светот.
Доколку сте расположени за уште малку хорор, погледнете ги најстрашните суштества фатени на камера.