Најпознатите мудрости за модата и стилот
Автор: Софија Сионова
Дизајнерите се сметаат за неверојатно креативни луѓе, но освен со материјалите тие добро се снаоѓаат и со зборовите.
„Пред да излезете од домот, погледнете се во огледало и отстранете еден моден додаток.“ – Коко Шанел
„Дајте ѝ ги на жена вистинските чевли и таа ќе го освои светот.“ – Мерлин Монро
„Презирам нарцизам, но одобрувам суетност.“ – Дијана Вриланд
„Женскиот фустан треба да биде како бодликава жица: да си ја врши функцијата без да го попречува видикот.“ – Софија Лорен
„Облеката не значи ништо, додека некој не почне да ја носи.“ – Марк Џејкобс
„Никогаш не можете претерано да се грижите за изборот на вашите чевли. Премногу жени сметаат дека тие не се важни, но вистинскиот доказ за елегантна жена е она што таа го носи на своите нозе.“ – Кристијан Диор
„Модата е oна што се нуди четири пати годишно од страна на дизајнерите. Стилот е она што вие ќе го изберете.“ – Лорен Хитон
„Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот.“ – Хјуберт де Живанши
„Јас знам што сакаат жените. Тие сакаат да се убави.“ – Валентино Гаравани
„Луѓето ќе се ѕверат, дајте им добра причина.“ – Хери Винстон
„Луксузот е удобност на маичка во форма на многу скап фустан.“ – Карл Лагерфилд
„Елеганцијата е елиминација.“ – Кристобал Баленсиага
„Стилот е она што имате да го кажете без потреба да зборувате.“ – Рејчел Зои
„Мажите ми кажуваат дека сум го спасил нивниот брак. Плаќаат многу за чевлите, но сепак тоа е поевтино од развод. Значи како што гледате, сепак сум корисен.“ – Маноло Бланик
„Ставот е сѐ.“ – Дајен вон Фурстенберг
„Елеганцијата не е да се истакнеш, туку да бидеш запомнет.“ – Џорџо Армани
„Никогаш не смееме да ја помешаме елеганцијата со снобизмот.“ – Ив Сен Лорен
„Вашиот фустан мора да биде доволно тесен за да покаже дека сте жена и доволно лабав за да покаже дека сте дама.“ – Едит Хед
„Во модата најтешко е да те запомнат според силуетата, а не според логото.“ – Џамбатиста Вали
„Облеката е како добар оброк, добар филм или пак добра музика.“ – Мајкл Корс
„На големите девојки им требаат големи дијаманти.“ – Елизабет Тејлор
„Посакувам јас да ги измислев фармерките: најспектакуларните, најпрактичните, најрелаксирачките и ноншалантни. Тие имаат израз, скромност, сексапил, привлечност, едноставност – сѐ што се надевам дека мојата облека има.“ – Ив Сен Лорен
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.