Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Иако се протега на површина од само половина квадратен километар, Ватикан е дефинитивно една од најзанимливите земји во светот, но и една од најрелигиозните. Преубавите градби и фактот дека ова место е и седиштето на римокатоличката црква се доволни причини за посета. Сепак, и покрај верскиот аспект, за многумина Ватикан е „кул“ дестинација, особено доколку сте вљубени во историјата и уметноста. Доколку патот ве однесе натаму, не пропуштајте ги овие знаменитости.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Ватикански музеи

Доколку Ватикан се најде на вашата мапа, задолжително посетете ги Музеите на Ватикан. Музејската установа е сместена во ватиканската палата и со своите 1400 соби претставува исклучително важен музејски комплекс. Тоа се должи не само на бројот на артефакти туку и самата вредност на ремек- делата кои со векови биле собирани од страна на папите. Друг фасцинантен детаљ е и самата големина на музејот. Еден од поинтересните оддели е Галерија на картите каде се изложени стари карти, а во музејот Кијарамонти можете да видите над 800 примероци од антички ремек-дела. Покрај уметничките, археолошките и етноантрополошките артефакти како египетски мумии, артефакти од етрурска бронза, во музеите на Ватикан се наоѓаат и дел од просториите каде сликале Рафаело и Микеланџело. Музејот располага со колекција од дури 70.000 слики и скулптури, изложени во повеќе од 54 галерии. Тука ќе ги најдете и делата на ренесансните и барокните сликари како Леонардо да Винчи, Бернини и Караваџо. Освен тоа, ќе најдете и колекција на модерна уметност со делата на Гоген, Пикасо, Дали и Ван Гог.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Сикстинска капела

Секако, доколку сте во посета на Ватикан, ви препорачуваме да ја посетите една од најубавите капели во светот – Сикстинската капела. Капелата е изградена од архитектот Џовани де Долчи помеѓу 1475 и 1483 година, по наредба на папата Сикст IV. Како што е познато, фреските на Микеланџело го красат таванот на капелата.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Базилика Свети Петар

Црквата е изградена во ренесансен-барокен стил, а се верува дека овде се наоѓа и гробот на Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и првиот епископ. Не пропуштајте го олтарот на Свети Петар како и познатата скулптура на Микеланџело, Пиета (Pietà – милост) која претставува и неговото прво потпишано дело.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Една од најстарите војски во светот

Интересен факт за Ватикан е тоа дека ја поседува најмалата, но една од најстарите војски во светот – швајцарската гарда основана од папата Јулиј II во 1506 година која денес брои 110 членови.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Банкомати на латински јазик

Официјална валута во земјата била ватиканската лира сè до 2002 година кога била заменета со еврото. Она што е занимливо е тоа дека банкоматите имаат и мени на латински јазик.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Плоштад Свети Петар

Ова е најголемиот плоштад во Ватикан, изграден во 17 век, а се наоѓа пред базиликата Свети Петар. Нуди прекрасен поглед на базиликата но и на Сикстинската капела над која штрчи бел чад како сигнал за изборот на нов папа.

Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

Откако ги прочитавте занимливостите за Ватикан, можеби ќе сакате да прочитате и занимливости за животот на познатиот италијански сликар Рафаело Санти.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар