Најоригиналната идеја до сега: Книга-сеф во чија внатрешност се крие слатко изненадување

Најоригиналната идеја до сега: Книга-сеф во чија внатрешност се крие слатко изненадување

Се ближи денот на вљубените, роденденот на вашата најдобра пријателка, годишнината од бракот на вашите родители, а вие не знаете што да им подарите? Сакате тоа да биде нешто оригинално, уникатно и ваше ремек-дело. Тогаш, погледнете ја оваа интересна идеја. Станува збор за книга-сеф во чија внатрешност се крие слатко изненадување. Следете го упатството и за кратко ќе го имате совршениот подарок за вашите најмили!

1-najoriginalna-ideja-do-sega-kniga-sef-vo-chija-vnatreshnost-se-krie-slatko-iznenaduvanje-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:
  • Книга со дебели корици (нека биде некоја стара книга која никогаш не ви се допаѓала)
  • Лепило за хартија и четка
  • Скалпел и линијар

2-najoriginalna-ideja-do-sega-kniga-sef-vo-chija-vnatreshnost-se-krie-slatko-iznenaduvanje-www.kafepauza.mk_

Чекор 1: Страниците од книгата премачкајте ги со лепилото за хартија и оставете ги да се исушат.

3-najoriginalna-ideja-do-sega-kniga-sef-vo-chija-vnatreshnost-se-krie-slatko-iznenaduvanje-www.kafepauza.mk_

Чекор 2: Користете линијар и скалпел за да ја исечете средината на првите неколку страници…

4-najoriginalna-ideja-do-sega-kniga-sef-vo-chija-vnatreshnost-se-krie-slatko-iznenaduvanje-www.kafepauza.mk_

…а потоа издлабете ги останатите страници, за во книгата да се формира вдлабнатина.

5-najoriginalna-ideja-do-sega-kniga-sef-vo-chija-vnatreshnost-se-krie-slatko-iznenaduvanje-www.kafepauza.mk_

Можете да ја оставите вака или пак да ги премачкате и внатрешните рабови со лепило за да изгледа уредно.

Ставете во сефот интересни ситници, спакувајте го подарокот во декоративна хартија и очекувајте позитивна реакција од вашите најблиски


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар