Најопасните работи кои можете да ги направите во авион - Part 3

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

11. Премногу рачен багаж

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Просторот за багаж во кабината го сакаат сите бидејќи најчесто е бесплатен. Но ова не е изговор да земете премногу рачен багаж. Секогаш постои опасност нешто да падне и да повреди некого. Носете што е можно помалку работи и одберете торби кои добро се закопчуваат.

12. Не го ставате безбедносниот појас кога ќе ви кажат

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Некои извештаи покажуваат дека многу патници, но и стјуардеси биле повредени бидејќи не го носеле безбедносниот појас за време на турбуленции. Кога пилотот ќе ви каже да останете на вашето место и да го ставите појасот, направете го тоа. Можете да паднете и да се повредите вие или да повредите некој друг ако не ги почитувате овие наредби.

13. Не го врзувате вашето дете на седиштето

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Кога летате со дете нема потреба да купувате билет ако тоа е помало од 2 години. Но, подобро е да купите. Децата кои седат во скутовите на родителите се најранливи кога има турбуленции. Ненадејното движење може буквално да го исфрли детето од вашите раце. Најдобро е да платите седиште и за него, а уште подобро ќе биде ако земете седиште за во автомобил.

14. Чекирање на детско седиште за автомобил

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Еве уште една добра причина да го земете седиштето за автомобил на детето со вас и да не го чекирате со останатиот багаж. Во текот на летот не знаете дали некој ќе го оштети. Дури и ако изгледа во ред, може повеќе да не е безбедно за време на несреќа, а вие нема да го знаете тоа. Па најдобро е да го земете со вас и да го искористите за време на летот.

15. Носење направи со литиумски батерии

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Литиумските батерии ги напојуваат направите како лаптопи, смартфони и камери. Но, тие може да бидат ризични бидејќи понекогаш се запалуваат. Па сè уште постои дебатата дали е подобро да ги чекирате или да ги понесете во кабината. Сепак, ако дојде до запалување во кабината, ќе можете да го забележите тоа и веднаш да реагирате. Ова не значи дека не треба да ги носите вашите електронски направи, но најдобро е да ги следите правилата и да ги проверувате во текот на летот.

Доколку се подготвувате за патување, погледнете што да понесете со себе во авионот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар