Најново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!
Одредена храна може значително да го продолжи животниот век, покажале резултатите од едно истражување спроведено во Скандинавија. Студијата на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, сугерира дека одредена храна може значително да влијае на должината на животот. Спротивно на тоа, прекумерното внесување на рафинирани шеќери, масти и преработена храна може да доведе до долгорочни здравствени проблеми.
За да го спроведат ова истражување, научниците ги користеле резултатите од годишната анализа на причините за појава на болести во Кина, Европа и САД според која се проценува дека неухранетоста е одговорна за повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година. Тие потоа ја споредиле оваа бројка со други анализи, земајќи го предвид ефектот на различната храна врз нашиот организам. Така, тие успеале да одредат специфичен режим на исхрана кој може да го продолжи животниот век:
- Исхраната треба да биде богата со овошје и зеленчук.
- Не занемарувајте ги грашокот, леќата, сојата.
- Треба да бидат застапени и пченката, овесот и пченицата.
- Исхраната треба да вклучува и јаткасти плодови, како што се бадеми, ф’стаци и ореви.
- Ограничете ја потрошувачката на црвено месо и преработени производи.
Според научниците, консумирањето на околу 2000 грама мешунки годишно и намалувањето на внесот на прекумерно солени или слатки производи би можеле да го продолжат животниот век за две години.
Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.
Извор: citymagazine.danas.rs