Најкул пребарувачки поими на Google
На многумина од нас ни е поставен за почетна страница во прелистувачот, но и кога не ни е, Гугл го посетуваме за да најдеме информација за нешто. Тоа пак не значи, дека тој понекогаш не може да се пошегува со нас, па и да ни го направи денот позабавен.
Неодамна, пребарувањето на фразата: Do A Barrel Roll стана вистински хит на интернет. Доколку сè уште не сте виделе што се случува во овој случај, време е да дознаете.Но, тоа не е единствената шега која Гугл знае да ја направи кога впишуваме некои поими за кои сакаме да добиеме резултати. Следува листа на уште 10 такви.
Напомена: за дел од триковите, ќе треба да ја исклучите опцијата за автоматско прикажување на резултатите додека ги впишувате поимите, Google Instant, преку иконката Options во горниот десен агол, па потоа во Search Settings.
1. What is the loneliest number – Знаете дека Гугл има вграден калкулатор кој може да ви пресметува едноставни и сложени математички операции, да ви конвертира валути и мерни единици и сл. Но, изгледа дека калкулаторот има одговор и на некои посуштински прашања. Прашајте го кој е најосамениот број на светот, кој е одговорот на животот, универзумот и на сè, (the answer to life, the universe, and everything), како и колку рогови има еднорогорот (the number of horns on a unicorn), иако последново е некако очигледно :).
2. Askew (накосо, накриво) – Впишете го поимот и удрете Enter. Истото ќе го постигнете и со Tilt.
3. Google Gravity – Ако ви е смачено да го гледате Гугл постојано во бестежинска состојба, впишете ја фразата и кликнете I’m feeling lucky. За да можете да го постигнете ова, мора да имате исклучено Google Instant. Откако ќе го видите резултатот, сè уште можете да продолжите да си играте. Фрлајте ги елементите низ страницата, а ако сакате можете и да продолжите да ги користите пребарувачките својства. Очигледно гравитацијата не му пречи на Гугл.
4. Recursion (повторување) – Замислете дека се наоѓате во просторија со многу огледала и одразот од себеси можете да го гледате бесконечно многу пати. Епа овој збор ја опишува ваквата појава. Според дефиниција, зборот означува постапка која може неограничено самата да се повторува. Впишете го зборот во Гугл. Ќе добиете предлог: Did you mean: recursion. Кликнете на сугестијата и забележете што ќе се случи. Бидете упорни, можеби нешто некогаш ќе се смени ;).
5. Where Is Chuck Norris? – И оваа финта кружеше многу на интернет, но сепак е доволно кул за да се најде на листава. Ако го прашате Гугл каде е Чак Норис и кликнете на копчето I’m Feeling Lucky, тој нема да биде во можност да ви го даде очекуваниот одговор на вашето прашање. Изгледа Гугл, сепак не знае сè :).
6. Once In A Blue Moon – Уште една сложена „равенка“ која калкулаторот на Гугл знае да ја реши. Прашањето е дали вие знаете да го прочитате резултатот :)?
7. Anagram – Ако го впишете овој поим, ќе добиете прилично добра слика за неговото значење.
8. Pacman + I’m Feeling Lucky = можете да изиграте неколку партии од оваа популарна аркадна игра во делот каде што вообичаено стои логото на Гугл. Намалете го тонот на вашиот компјутер пред да почнете со ова. Може да биде бучно.
9. Epic Google + I’m Feeling Lucky = Гугл се чувствува дека можеби ќе експлодира.
10. Google Hacker + I’m Feeling Lucky = Некој да не ви го хакна Гугл :)?
Знаете некоја друга добра Гугл финта која не е наведена во листава?
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ima uste edno
Weenie google :))
A da ima i Google Guitar :)))
Napisete let is snow :))))