Најдобрите совети што некогаш ќе ги слушнете: 15 цитати на Харисон Форд
Харисон Форд е во светот на глумата речиси 5 децении и често даваше изјави што сè уште се пренесуваат. Зборовите на познатиот актер ќе ве расположат, но и ќе ве натераат да размислувате за животот. Ова се 15-те најдобри цитати на актерот.
„Животот ни дава втора шанса кога ќе паднеме. Нам ни останува да ја искористиме таа можност. Не очекувајте некој друг да го стори тоа за вас.“
„Никогаш не откажувајте се, можеби среќата е зад аголот.“
„Трпението е клучот за секој успех.“
„На природата не ѝ требаат луѓе, на луѓето им е потребна природата; природата може да го преживее изумирањето на човечките суштества и ќе продолжи без никакви проблеми, но луѓето не можат да преживеат без природата.“
„Никогаш не е доцна за промена. Ако во 60-тите години посакате нов живот, тоа е сосема во ред.“
„Не треба да се откажувате, но никогаш не правете го она што не ви се допаѓа, без оглед колку тоа го сакаат другите.“
„Секогаш бев некаде во средината во текот на мојот живот, па никогаш не морав да се грижам дека некој ќе ме симне од врвот.“
„За да осамне зората, прво мора да падне мрак.“
„Бидете оригинални и не обидувајте се да ги следите стапките на некој друг.“
„Успехот и поразот се составен дел од животот.“
„Сè уште се борам со истите фрустрации, со истите проблеми, со истите стравови како и секогаш. Таков е животот.“
„Успехот е избор, тој не ни е даден, до него се постигнува преку напорна работа.“
„Не ја сакам носталгијата. Живеам во сегашниот момент, тоа е најважната работа.“
„Не е срамота да побарате помош. Тоа ви заштедува време.“
„Никогаш не е доцна за љубов.“
Прочитајте ги 15-те моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон.