Најдобрите филмски бакнежи на сите времиња
Најдобар начин да се стоплите во ладните зимски ноќи, е да си направете топло кафе, да се стуткате во вашето ќебенце и да си пуштите романтичен филм кој само ќе придонесе за потполно да се опуштите во прекрасната зимска идила. Потсетете се на филмските сцени со страсни бакнежи кои ќе ви го одземат здивот и ќе ве натераат да ги гледате по кој знае кој пат.
Casablanca (1942) – Казабланка
Бакнежот помеѓу Ингрид Бергман и Хамфри Богарт, ќе ве потсети на романтичната филмска сцена која е една од најгледаните и најпознатите на сите времиња.
Breakfast at Tiffany’s (1961) – Појадок кај Тифани
Романтичните сцени помеѓу преслатката Одри Хепберн и Џорџ Пепард, се класично четиво за сите љубители на романтичниот филм.
Pretty Woman (1990) – Убава жена
Кој може да им одолее на прекрасните Џулија Робертс и Ричард Гир во неповторливиот романтичен филм „Убава жена“?
Four weddings and one funeral (1994) – Четири свадби и еден погреб
Романтичната комедија кога Хју Грант ја открива својата љубов Енди Мекдауел, е задолжителен филмски избор кој истовремено ќе ве разнежни и насмее.
Romeo + Juliet (1996) – Ромео + Јулија
Гледањето на класичната Шекспирова драма преработена во модерни услови и истовремено зачинета со страсните бакнежи помеѓу Леонардо Дикаприо и Клер Денс, ни малку нема да ве остави рамнодушни.
Titanic (1997) – Титаник
Шармантниот убавец Леонардо Дикаприо и овој пат нè остава без здив во прекрасните романтични филмски сцени со неговата партнерка Кејт Винслет.
Moulin Rouge! (2001) – Мулен Руж!
Доколку сте обожаватели на филмските мјузикли, а сакате тие да бидат и романтични, „Мулен Руж!“ е вистинскиот избор за вас, каде ќе ги видите страсните бакнежи помеѓу Никол Кидман и Иjан Мекгрегор.
Spiderman (2002) – Спајдермен
Спајдермен е филм кој не спаѓа во категоријата на романтични филмови, но токму овде ќе го видите најкреативниот бакнеж на сите времиња.
The Notebook (2004) – Бележникот
Иако овој филм завршува тажно, сепак големата љубов која ја откриваат главните актери и незаборавните споделени бакнежи, се доволни за да придонесат овој филм да биде ваш романтичен избор за викендов.
Twilight (2008) – Самрак
За сите тинејџери кои се вљубеници во фантазијата и надреалното, „Самрак“ е одличен избор, кој воодушевува со филмските бакнежи помеѓу Кристен Стујард и вампирот Роберт Патинсон.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Twilight… really?
Twishit??? OMG! А Ема Вотсон И Руперт Гринт?!?!
Најочекуваниот филмски бакнеж во мојов живот беше тој со Ема и Руперт, и шо е за право – воопшто не ме разочараа.
За разлика од Лањо – сагава…
Навистина, Twilight?
Колку подобри филмски бакнежи постојат….
samo da si dojde maz mi 🙂
so ke go nateras da vise zakacan za stapalata i ti da go baknes kako kirsten danst?