Најдебелиот мачор во светот
Белиот мачор Мјау, најверојатно е најдебелиот мачор кој некогаш сте го виделе. Верувале или не, тој тежи нешто повеќе од 18 килограми. Неговиот поранешен сопственик има 87 години и бидејќи не можел повеќе да се грижи за него, го оставил во прифатилиште за животни во Санта Фе. Таму ветеринарите ќе се обидат да го вратат во форма и да му најдат нов сопственик. Мачорот ќе мора да смали најмалку 5 килограми за да може да му се најде нов сопственик.
„Мачорот е многу дебел, но е многу сладок и сака да се гали. Тоа веднаш се забележува.“ – вели еден од вработените во прифатилиштето.
Мјау кој е стар само 2 години, моментално не може да си игра ниту пак го собира низ специјалните отвори на вратите за мачки. Тој цело време само лежи. За вработените во прифатилиштето сè уште е енигма со што го хранел претходниот сопственик, за да го доведе во оваа положба. Токму затоа во наредниот период Мјау ќе биде на ригорозна диета и на специјална фитнес-програма, за повторно да се врати во форма.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
zlatoo <3