Најчудните знамиња кои постојат ширум светот
Гибралтар
Црвениот замок со три кули кој се наоѓа на знамето на Гибралтар го претставува кралството Кастилија, моќно средновековно кралство кое се наоѓало на иберискиот полуостров. Златниот клуч го означува фактот дека Гибралтар се смета за врата на Медитеранот.
Турменистан
Знамето на Турменистан е знаме со најмногу детали во светот. Зелената позадина и полумесечината се симбол на исламот, петте ѕвездички ги претставуваат петте покраини во земјата, а детално украсената лента од левата страна претставува пет главни племиња во Турменистан.
Шри Ланка
Најдоминантен детаљ на знамето на Шри Ланка е златниот лав кој држи меч. Лавот го претставува народот во Шри Ланка и неговата храброст, додека пак мечот ја претставува способноста на земјата да се заштити од непријателите. Четирите објекти во краевите претставуваат листови од света смоква или дрвото бо кои се симбол на будистичката традиција и четирите вредности: Добрина, љубезност, среќа и спокојство. Зелената и портокаловата лента од левата страна ги претставуваат двете главни етнички групи во Шри Ланка: Тамила и Мурс.
Велс
Црвениот змеј, познат уште и како велшки змеј, симболизира еден крал кој владеел со Велс во седмиот век и често бил поврзуван со змеј.
Камбоџа
И Кабоџа е една од ретките држави во светот на чиешто знаме доминира некоја градба. Објектот прикажан на ова знаме е Анкор Ват, култна градба во Камбоџа и најголем верски објект во светот.