Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Од најбрзата спринтерка на потпетици, до најмалото магаре на светот, Гинисовата книга на рекорди за 2014 година, повторно ни ги претставува најинспиративните луѓе, животни и предмети на планетава. Погледнете ги некои од најчудните рекорди во книгата.

Најбрзо одење на раце и нозе назадечки

Лилејни Франко поминала 20 метри одејќи наведната наназад на раце и нозе и тоа за цели 10,5 секунди.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најмалото магаре Ni Hi

Со висина од само 64,25 см, Ni Hi е најмалото магаре на светот. Тоа е во сопственост на Џим и Френки Ли од Флорида.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најмалиот автомобил во кој можете да се возите

Најмалиот автомобил во кој можете да се возите е висок само 63,5 см, а долг е 126,47 см. Креиран е од страна на Остин Кулсон.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најбрзото одење на куче по јаже

Најбрзото кучешко одење по јаже го постигнал Ози од Норфолк во Велика Британија. Тој јажето го поминал за цели 18,22 секунди.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најголемите тапани за свирење

Најголемиот сет тапани се за 5,2 пати поголеми од стандардните. Создадени се од тимот наречен „Drumartic“ кои доаѓаат од Австрија.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најголемиот велосипед кој може да се вози

Создаден од Германецот Диди Сенфт, овој велосипед е влезен во книгата на рекорди како највисок, со дијаметар на тркала од цели 3,3 метри и истиот може да се вози.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најголемиот мотор кој може да се вози

Најголемиот мотор е висок 510 сантиметри сметано од земјата до рачките. Него го создал Италијанецот Фабио Реџиани, кој го испробал на терен, возејќи 100 метри.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најбрзо трчање на потпетици

Џулија Плечер од Германија е жената која може да истрча 100 метри за 14,531 секунди, носејќи високи потпетици на нозете.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најголемата колекција правосмукалки

Британецот Џејмс Браун поседува 332 различни модели правосмукалки, што е доволно за тој да се најде во книгата, како најголем колекционер.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најмалото куче на светот

Најмалото куче во светот во однос на висина, е чивавата Мили, која е висока само 9,65 сантиметри од нозете до грбот, а нејзин сопственик е Порториканката Ванеса Семлер.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најголемата колекција предмети од „Star Wars“

Стив Сансвит е човекот на кој можат да му позавидат сите фанови на Star Wars. Тој има собрано околу 300.000 предмети инспирирани од франшизата. Во каталогот досега се утврдени точно 68.592 предмети што сепак го прави рекордер.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најголемиот робот што се движи

Најголемиот робот што оди е висок 8,20 м, широк 12,33, а долг 15,72 м. Го направила компанијата „Zollner Elektronik AG“ од Германија.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најдолга дестинација која ја поминала една коза на скејтборд

Една коза на скејтборд извозела повеќе од која било друга и поминала цели 36 метри. Нејзиното име е Хепи од Флорида, а далечината ја поминала за 25 секунди.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Мачката со најдолго крзно во светот

Полковникот Мјау (Colonel Meow) доби награда за најдолго крзно на мачка што е запишано во Гинисовата книга на рекорди за 2014 година. Неговото крзно во просек е долго 23 см (9 инчи), а потребно било 3 ветеринари независно да измерат по 10 влакна… Прочитај повеќеНајчудните Гинисови рекорди за 2014 година

Најниското лимбо-скејтање

Младиот Индиец Рохан Аџит Кокни постави нов Гинисов рекорд за најниско „лимбо скејтање“ под пречка, со висина од 25 см, на далечина од 10 м.Најчудните Гинисови рекорди за 2014 година


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар