Најчоколадните светски метрополи

Најчоколадните светски метрополи

Патувањата низ светот нудат по нешто убаво за сите сетила, но ако барате задоволување на потребата да вкусите нешто благо, тогаш овие чоколадни дестинации се вистинското место за вас.

Брисел, Белгија

Со своите 2.000 продавници за чоколадо, 16 музеи за чоколадо и 12 фабрики кои го произведуваат, Брисел се смета за светска престолнина на најпопуларниот десерт. Ако патот ве однесе во Брисел задолжително одете до Гран Саблон, мал плоштад каде што се сместени многу од продавниците.Најчоколадните светски метрополи

Барселона, Шпанија

Додека сте во Барселона не заборавајте да го посетите Museo de La Xocolata, односно музејот на чоколадото во овој град. Внатре визуелно ќе уживате во чоколадните верзии на убавините на каталонската престолнина, ќе ја слушнете целата историја на вкусниот десерт, а откако ќе ви се отвори апетит за благо можете да си купите чоколадо колку што ви душа сака.Најчоколадните светски метрополи

Бурнвил, Англија

Во јужниот дел на Бирмингем се наоѓа селото Бурнвил, домот на најголемата фабрика за чоколади во Англија. Тоа е место каде што ќе можете самите да се испробате во производството на чоколадо, а потоа и да го изедете сето она што сте го произвеле.Најчоколадните светски метрополи

Херши, САД

Освен стандардната чоколадна понуда слична на онаа во другите дестинации, во еден од хотелите овде може да се препуштите на уживање во чоколадна бања. Најскапиот третман вклучува три и пол часа исполнети со бањање во какао, чоколадна масажа и ручек во чоколадната оаза.Најчоколадните светски метрополи

Келн, Германија

Многу туристи доаѓаат во Келн само поради преубавиот музеј на чоколадото. Целата негова историја е прикажана на површина од 4.000 квадратни метри, во кои меѓу другото можете да вкусите и безброј видови чоколадо.Најчоколадните светски метрополи

Цирих, Швајцарија

Покрај сета префинетост која го краси Цирих, тој е дом на некои од најдобрите брендови на чоколадо, како Тоблероне, Линт и Нестле. Опојниот мирис на чоколади на Банхофштрасе е предизвик поради кој вреди да се посети овој град.Најчоколадните светски метрополи

Оахака, Мексико

Во мексиканскиот град Оахака чоколадото не е само вкусен десерт, туку е традиција која до ден денешен ја задоволува душата на наследниците на Ацтеките, народот кој прв почнал да ужива во чоколадото.Најчоколадните светски метрополи

Торино, Италија

Се претпоставува дека Торино има повеќе продавници за чоколадо од Брисел, но сепак најдобро време да уживате во чоколадната страна на градот е двонеделниот фестивал посветен на него.Најчоколадните светски метрополи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар