Мутирани плодови
Овошјата, зеленчуците и корењата се многу динамични во својата форма и боја. Оние „совршени“ облици и „свежи“ бои кои ги гледаме во супермаркетите се всушност резултат добиен од строгите правила на корпорациите, кои дефинираат како треба да изгледа производот и притоа ги фрлаат сите оние плодови кои не изгледаат „правилно“, а имаат прекрасен, здрав и природен вкус. Наместо тоа, тие би можеле да се употребат дури и како музички инструменти. Но, сепак, завршуваат некаде каде што не добиваат внимание.Проектот на артистот Ули Вестфал т.н. „Mutatoes“ преставува една импресивна колекција од нестандардни форми, бои и структури на овошја, зеленчуци и корени кои можат самостојно уметнички да се обликуваат, само ако законски спроведените стандарди престанат да постојат.
Комплетното отсуство на ботанички аномалии во супермаркетите, ни предизвика да ја доживуваме конзистентноста на плодовите презентирани таму, како нешто сосема природно.
Производите постанаа високо дизајнирани и монотони. Имаме заборавено, (некои луѓе никогаш не ни искусиле) како овошјата, зеленчуците и корењата всушност изгледаа и каков вкус имаа.
Овој проект има за цел да ги документира, зачува и промовира последните остатоци од земјоделската разноликост.
ова ми мириса на GMO